Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите за прием на бегалци, пренесува МИА.
– Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови за да одат на безбедно место, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
Тој рече дека УНХЦР ги интензивирала своите операции и дека работи со украинските власти за да обезбеди поголема хуманитарна помош. с