Од почетокот на војната, бројот на Украинците кои избегаа во странство достигна 3.528.346, информираат од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), пренесува Укринформ.
Од оваа бројка, повеќе од 2 милиони Украинци ја минале границата со Полска.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во својот извештај вели дека многу луѓе кои бегаат од Украина не се целосно вакцинирани против СОВИД-19.
„Во отсуство на документирани докази за претходна вакцинација, на подобните деца и возрасни од Украина треба да им се понуди примарен курс за вакцинација против СОВИД-19, како и дополнителна доза, но на постарите, бремените жени, имунокомпромитираните и поединците со состојби со висок ризик од течки форми на болеста, треба да им се даде приоритет.“, се вели во извештајот.
Подготвил Д.М.