• Latest

Јуратовиќ: На Германија ѝ е битна стабилноста на Македонија!

June 22, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јуратовиќ: На Германија ѝ е битна стабилноста на Македонија!

June 22, 2016 13:04
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако мислат дека можат во недоглед да ги одложуваат изборите, оние кои не ги исполнија условите за избори, од она колку јас ја познавам меѓународната заедница, а и луѓето тука во Македонија, навистина се залажуваат!“, изјави во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, пратеникот во германскиот Парламент, Јосип Јуратовиќ, За време на својата посета во Скопје, тој учествуваше во отворената дискусија со граѓанското општество, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, а во разговорот, за ЦИВИЛ Медиа, ги изнесе ставовите на надорешната политика на Германија за политичката криза во Македонија и за подготвеноста на земјава за спроведување на демократски избори, потенцирајќи дека „решенијата можат да ги најдат само граѓаните на Македонија“

https://www.youtube.com/watch?v=zyv-pPY1fBY

Пред една година, во пресрет на големиот протест на опозицијата на 17 мај и митингот на ВМРО – ДПМНЕ на 18 мај, за ЦИВИЛ Медиа, изјавивте дека политичката ситуација е многу загрижувачка во Македонија и дека политичката криза е, всушност, во својот зародиш, со оглед дека нема избалансираност, односно распореденост на политичката моќ во земјата. Како ќе ја искоментирате политичката криза во Македонија, една година подоцна?

Јуратовиќ: Уште тогаш видов дека ќе има потреба политичките структури во Македонија да се договорат како ќе ја извадат земјата од политичка криза и како институциите и државата ќе се вратат во нормала. Во меѓувреме, имаше многу преговори со посредство на меѓународната заедница, се воспоставија критериуми според кои новите избори ќе се спроведат… Уште тогаш реков дека кога маса луѓе ќе излезе на улица, недовербата во политичките структури е толку длабока, така што легитимитетот на новата политика мора да се создаде преку нови избори. Критериумите се воспоставени, имаше два датума за избори, но за жал, критериумите за спроведување на демократски избори не беа поставени. Очигледно е дека состојбата во моментот е таква, што на некои не им се брза да се спроведат избори од различни причини. Но, од друга страна, протестите се сé уште присутни, ја имате таканаречената Шарена револуција, граѓанската волја оди организирано во правец на конечно легитимирање на нова власт, да се воспостават државните институции, да се бараат политички решенија за враќање на земјата во економска и политичка стабилност. Протестите не попуштија и навистина ми е драго, и покрај многуте емоции, што тие нормално се одвиваат и контролирано, а луѓето само емоционално го изразуваат своето незадоволство од актуелната политичка ситуација во земјата, во нормални рамки. Во таа смисла, секоја чест на граѓаните кои од ден – на ден, излегуваат на улица и ги бараат своите граѓански права.

Дали можеме да очекуваме решавање на политичката криза, со оглед дека во моментот се водат преговори за нов датум на изборите, а на таа маса седат луѓе кои од граѓаните се прогласени за криминалци, а се уште се на власт. Во случај да се одреди датум за избори, мислите ли дека Македонија е подготвена и дека постојат услови за спроведување на избори?

Јуратовиќ: Критериумите се јасни. Тие се поставени во соработка со меѓународната заедница, со нив сите се согласија.  Датумот за избори уште не е определен, но морам да кажам, никој да не се залажува дека тоа може во недоглед да се одложува. Од друга страна, потполно е нормално, кога критериумите за демократски избори се претставени и испочитувани, демократско право е да може секој да се кандидира. Што се однесува до криминалот, и оние кои за тоа се осомничени, криминалци се тогаш кога судот тоа ќе го потврди, а јас се надевам дека Македонија ќе добие набрзо функционално судство. Ако критериумите се такви да се почитуваат демократските правила на игра, оној кој ќе биде избран, ќе има задача да постави нова влада и со тоа се затвора кругот. Она што навистина е важно, двапати е поставен датум за избори и не се испочитувани условите, а клучно е тие да се исполнат. Но, морам да нагласам за оние кои не ги исполнија условите, ако мислат дека можат во недоглед да ги одложуваат изборите, од она колку јас ја познавам меѓународната заедница, а и луѓето тука во Македонија – навистина се залажуваат.

Кој е официјалниот став на Германија, како земја која е дел од преговорите за надминување на политичката криза во Македонија?

Јуратовиќ: Германија се залага за стабилност во целиот регион, не само во Македонија, и нам ни е од интерес, во таа насока и со иницијативата од Берлин, преку Виена, сега и Париз, во овој регион да се создадат услови за економски развој. За тоа треба да има институции кои функционираат за да може државата нормално да се развива. Со тие инцијативи кои Германија ги води, јасно е дека навистина ѝ е битна стабилноста на овој регион, а тоа значи и стабилноста на Македонија. Господинот Хајндл е дополнително тука, да помогне да се најде решение. Колку и да не е Западен Балкан во фокусот, затоа што имаме низ светот доста проблеми, сепак, по прашањето на мир и стабилноста не е заборавен, а тоа е навистина важно. Ние и понатаму ќе се ангажираме да се најдат решенија, меѓутоа едно е сигурно, решенијата можат да ги најдат само граѓаните на Македонија. Тие мора да дадат предлог како тие решенија ќе изгледаат, а ние околу тоа ќе им помогнеме и секогаш сме подготвени да помогнеме онолку, колку што тоа е возможно. Очекувањето дека некој од надвор ќе дојде, Германија или било кој друг, и ќе ги решава проблемите на Македонија – тоа нема да случи. Оние, пак, кои мислат дека можат вечно да го одложуваат процесот, затоа што меѓународната заедница нема директно да се вмешува во демократските процеси на земјата, туку само околу создавање на условите, се залажуваат. Ние на условите гледаме одмерено, во обид да помогнеме на оние фактори кои се подготвени да  ги застапуваат нашите европски и демократски вредности и зад тоа стоиме без разлика за кого се работи и со кого соработуваме.

Биљана Јордановска

 

Tags: ГерманијаизбориЈосип ЈуратовиќМакедонијаполитичка кризаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ