УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„ Веста што вчера пристигна од Софија е фрапантна по многу нешта: тамошната изборна комисија утврдила дури 24 валидни кандидати за претседателските избори во Бугарија, за уште еден дополнително ќе одлучува дали ќе се најде на изборните листи, а на два-тројца им ги одбила кандидатурите поради неисполнување на предвидените услови што требало да ги исполнат за претседателската трка предвидена за 14 ноември годинава. “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Во недела историјата, сепак, ќе ни чукне на врата”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #16, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (четврток, 14 октомври), во 13:00 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ
ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, утре, во петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.
Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.
ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Кичево, Врапчиште и Гостивар каде ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници.
Во рамките на вториот караван во Струга и Лабуништа ќе се обрати потпретседателот Венко Филипче и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово.
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Битола, Новаци и Могила.
Изборните активности на ДУИ продолжуваат со собир во општина Тетово.
Изборни активности на движењето Беса во Гостивар.
Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата.
Прес-конференција на Твоја партија пред седиштето на партијата во Скопје.
НАСТАНИ
СРЕДБА: Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе оствари средби со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, и со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.
ПОСЕТА: Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе биде домаќин на работната посета на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.
ЕНЕРГЕТИКА: Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија и дискусија на тема „Идните предизвици во развојот на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија“.
САМИТ: Министерот за економија Крешник Бектеши ќе присуствува на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“, а ќе се обрати на панелот насловен „Фокусирање на економијата“.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев