Тетовецот М.Д. (34) е вториот осуденик од КПД Идризово кој починал во последните два месеца. Според МВР вчера околу 15 часот, осуденото лице било најдено во бесознание во ќелија, и со возило на затворска служба било пренесено во коплексот клиники „Мајка Тереза“. Таму од страна на лекар била констатирана смрт, а телото на починатиот осуденик е дадено на Судска медицина да се направи обдукција за да се утврди причината од што настана смртта.
На 16 мај во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал А.К. (37) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, кој од 12.05.2018 година бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија.
Д.М.