• Latest
(архива) ЦИВИЛ постојано во движење низ целата земја. Акција за борба против дезинформациите и пропагандата, Гостивар, јуни, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Уште еден упад во седиштето на ЦИВИЛ, трет инцидент за пет години

June 20, 2022
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

Уште еден упад во седиштето на ЦИВИЛ, трет инцидент за пет години

June 20, 2022 14:05
in ВЕСТИ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
(архива) ЦИВИЛ постојано во движење низ целата земја. Акција за борба против дезинформациите и пропагандата, Гостивар, јуни, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

(архива) ЦИВИЛ постојано во движење низ целата земја. Акција за борба против дезинформациите и пропагандата, Гостивар, јуни, 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Седиштето на ЦИВИЛ беше мета на упад меѓу 18 и 20 јуни. Провалниците ја искршиле вратата на задниот влез во седиштето на организацијата, го онеспособиле алармот и двете камери и го земале интернет модемот. Очигледно, провалниците најмногу се интересирале за архивата на организацијата. Ги пребарувале документите во фасциклите со архивски материјали и финансиска документација. Направена е и видлива материјална штета.

Ова е трет поголем инцидент во последните пет години чија мета е ЦИВИЛ. Првиот инцидент се случи непосредно по крвавите настани на 27 април 2017 година, кога од седиштето на организацијата беа украдени шест лаптопи и хард дискови со електронска документација на организацијата. Во тој напад настрада и дел од физичката архива, а беа очигледни систематските прелистувања на белешките во нотесите и папките на тимот на организацијата.

Вториот инцидент се случи на крајот на јуни, 2020 година, во екот на мониторингот на предвремените парламентарни избори. Тогаш, седиштето на ЦИВИЛ беше вандализирано, превртено беше паното со ознаки на организацијата во дворот, а врз него беше ставена лопата (на линкот е видео од прес конференцијата каде што се објавува толкувањето на таа постапка). Влезната врата на седиштето беше оштетена со остар предмет и беше изгравиран зборот Nazi. Пред влезната врата беа истурени отпадоци.

Како и претходните два, и овој случај е пријавен во полиција.

„Не сакам да прејудицирам, барем додека трае истрагата, но сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ја потсетам јавноста и институциите на големите предизвици со кои се соочуваат прогресивните организации и редакции. Што се однесува до документацијата, ние немаме тајни. Сите податоци за нашето работење се јавни, доволно е да се отворат нашите интернет портали, а отворени сме и за секое дополнително прашање. Нема потреба да се провалува, освен ако целта не е да се упати поинаква порака“ – напиша претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„Познато е дека во текот на изминатите десет и повеќе години, тимовите на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа се соочуваат со бројни притисоци, клевети, говор на омразата и смртни закани. Мотивите се познати, нарачателите, исто така. Но треба да знаат – ние не се плашиме. Нам заканите и притисоците ни се мотив повеќе да продолжиме со работа, бескомпромисно и гласно“ – пишува Дерала.

Извршната канцеларија на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа, без застој, продолжија со својата работа.


Следете го ЦИВИЛ 

Фејсбук  |  Твитер  |  Инстаграм

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ