Проопозициските медиуми „Република“ и „Курир“ повторно шират лажна вест, овој пат со наслов – „Владата досега грешеше знамиња, сега Брнабиќ пречекана без знаме“.
„Протоколот на Владата си ја научи лекцијата, но не да го поставува вистинското знаме пред делегацијата која доаѓа, зашто другото е дипломатски скандал и навреда, ами да се спаси од резил. За секој случај и против сите резилили српската премиерка Ана Брнабиќ денеска беше пречекана на платото пред Владата без знаме. Што е сигурно, сигурно е…“, објави „Република“, а пренесува „Курир“.
Но, вистината е друга, премиерката Брнабиќ беше пречекана со српското знаме и со сите државни почести.
Сепак, на лагите кратки им се нозете!
Дехран Муратов