Судечкиот совет за предметот „Титаник“, одлучи на поренешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за овој случај да му се суди во отсуство.
Бидејќи Никола Груевски е во бегство, обвинителката Лиле Стефанова побара да му се суди во отсуство, а од судот побара и да му се одреди мерка притвор. Притворот би започнал откако Груевски ќе биде пронајден.
На Груевски, покрај предметот „Титаник“ кој се однесува за изборните нерегуларности, во отсуство ќе му се суди и за уште два предмета „Насилство во Центар“ и „Траекторија“.
А. П.