Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска одржаа работна средба со Карстен Манке, тим лидер и негови колеги- експерти ангажирани за спроведување на ИПА 3 проектот кој ќе се применува со цел унапредување на капацитетите на Судот.
Костадиновски ги информираше претставниците од експертската група за неговите приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка за зајакнување на капацитетите со помош на инструментот ИПА 3, овозможен преку Европската Унија.
Клучни компоненти во оваа програма ќе бидат:
1.Подобрени законодавни, нормативни и компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права;
2. Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност;
3.Подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитето на уставната правда.
На средбата беше договорена динамиката по која ке се постапува за имплементирање на компонентите од проектот, соопштија од Уставен суд