• Latest

Уставниот суд ќе му „пресуди“ на балансерот

August 29, 2024
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ќе му „пресуди“ на балансерот

August 29, 2024 12:05
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По дведецениска пракса за вработување во јавната администрација согласно со начелото за правична застапеност на заедниците, за прв пат етничкиот клуч при вработувањата ќе се најде на оценување пред Уставниот суд, на иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Како што пишува Слободен печат, Уставниот суд ќе одлучува за уставноста и законитоста на т.н. балансер на седницата што е закажана за 18 септември, а предметот го работи уставниот судија Дарко Костадиновски, кој е претседател на Судот.

Темелна вредност во Уставот

Во Уставот, како една од темелните вредности, меѓу кои се и основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, владеењето на правото, поделбата на законодавна, извршна и судската власт итн., е и темелната вредност за „соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа“. Оваа темелна вредност е додадена во шестиот амандман на Уставот, со уставните измени по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година и оттогаш при вработувањата се води сметка за етничкиот клуч, односно во секоја институција да има соодветна застапеност на припадниците на албанската заедница, но и на другите помали заедници – Србите, Турците, Ромите итн.

За правичната застапеност на заедниците нема посебен закон, туку ова е уредено со Законот за вработените во јавниот сектор и во Законот за административните службеници, како и во Правилниот како треба да изгледаат огласите за вработување во јавниот сектор, во кои припадноста е задолжителен елемент.

Антикорупциската комисија во својата иницијатива до Уставниот суд ги оспорува како неуставни токму членовите на овие два закона каде се споменува терминот „припадност на заедницата“. За ДКСК е спорен делот од Законот за вработените во јавниот сектор во кој се предвидува дека „припадност на заедницата“ е задолжителен личен податок во Регистарот на вработените во јавниот сектор, заедно со името, презимето, матичниот број, адресата и другите лични податоци. Оспорен е и делот од Законот за административни службеници во кој се предвидува дека кандидатите во електронската пријава за вработување покрај името, презимето, матичниот број и сл., треба да ја наведат и припадноста на заедницата. Покрај двата закона и Правилникот за огласите, ДКСК го оспорува терминот „припадност на заедницата“ и во регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор.

Нов состав на ДКСК/Фото: МИА
Според Антикорупциската комисија со примената на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции и владеењето на правото загарантирани со одредбите во членовите 9, 32 и 54 од Уставот.

– Со оспорениот дел „припадност на заедница“ подносителот смета дека се наметнува обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница, со што се прекршува уставното загарантирано право на слободно изразување на националната припадност. Припадноста е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо. Припадноста на заедница не е ниту општ ниту посебен услов за вработување на административни службеници пропишан со Законот за вработените во јавниот сектор, ниту со Законот за административни службеници, а во суштина е елиминирачки предуслов за пријавување на јавен оглас за вработување во јавниот сектор, со што се нарушува начелото на стручност и компетентност утврдено во Законот за вработените во јавниот сектор – навела Антикорупциската комисија во иницијативата, а пренесува Уставниот суд на својата веб-страница.

Со оспорената одредба од Правилникот, според подносителот ДКСК, директно се прекршуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот на начин што правото на пријавување на јавниот оглас е ограничено на кандидатите за админстративен службеник кои припаѓаат на различна заедница од онаа наведена во јавниот оглас за конкретното работно место.

– Со ова се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно местo – смета ДКСК.

Можно е Уставен да го укине балансерот

Сосема е можно Уставниот суд да ги прогласи оспорените уредби за неуставни, затоа што дел од уставните судии и јавно истакнале дека огласите за јавна администрација во кои стриктно е наведено од која националнист треба да се кандидатите се спротивни на Уставот. Претходната претседателка на Судот, Добрила Кацарка на брифинг со новинарите лани во декември рече дека сите такви огласи се неуставни и незаконски, затоа што пред Уставот сите се еднакви и нема никаква разлика дали некој е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав итн. Таа тогаш нагласи дека Уставниот не распишува такви огласи, а за огласите на другите институции, во кои веќе две децении се нагласува од која националост треба да бидат примените кандидати рече дека не ги видела, ама ако се такви, огласите се противуставни.

Судијката Кацарска тогаш рече и дека досега во Уставниот суд нема пристигната иницијатива за оценување на уставноста на балансерот.

– Не смее да има такви конкурси и огласи, граѓаните се еднакци според Уставот. Јас додека сум претседател, таков оглас од Уставен суд нема да биде објавен по ниедна цена. Ако добиеме иницијатива од граѓаните во Уставниот суд ќе се произнесеме конкретно за ова, ќе биде интересен наводот. Поднесете иницијатива, ќе ја разгледаме – повика Кацарска во декември.

Добрила Кацарска Фото: Слободен печат/ Драган Митрески
Добрила Кацарска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
На прашање дали Уставниот суд гледа потреба со времена мерка да се укине балансерот за да се сопре појавата на лажно пријавување како Македонец, Турчин, Албанцец само за да се помине на огласот Кацарска рече дека е жално некој лажно да се изјаснува за националност за да добие работа. Националноста е лично чувство, додаде таа и никој не смее никого да го принудува да ги каже личните чувства. Според Кацарска граѓанинот може да ги каже на доброволна основа, ако самиот сака да каже што е по националност, но во спротовно не.

За балансерот има и големи политички превирања. ладејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го укине, а неодамна премиерот Христијан Мицкоски рече дека тоа е став и барање на ЕУ, истакнато во скрининг-извештајот.

– Една од реформите што ЕУ ни ги бара е и ова. Тие велат дека времето на балансерот измина, бидејќи бил предмет на многу злоупотреби, посебно во декларирањето на етничката припадност на граѓаните. Тоа не е став на која било политичка партија, туку е став на ЕУ – рече Мицкоски пред две седмици и додаде дека за правичната етника и полова застапеност во институциите ќе се грижи собраниската Комисија, која беше неодамна формирана.

Од друга страна, пак, првиот вицепремиер Изет Меџити, неодамна, коментирајќи ги најавите за укинување на балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку ќе се унапреди во закон за правична застапеност.

Tags: балансерУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ