• Latest

Усвоен новиот Европски закон за слобода на медиумите

March 26, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Усвоен новиот Европски закон за слобода на медиумите

March 26, 2024 12:35
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ денеска во последна инстанца го усвои Европскиот закон за слобода на медиумите, кој има за цел заштита на слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и независноста на уредувачката политика во Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА) се воспоставува заедничка рамка за медиумските услуги на ниво на ЕУ и се воведуваат мерки насочени кон заштита на новинарите и медиумите од политичко мешање, а истовремено треба да придонесе за олеснување на нивното работење.

Новите правила го гарантираат правото на граѓаните за пристап до бесплатни информации од повеќе извори и ја дефинираат одговорноста на земјите членки да обезбедат соодветни услови и рамка за заштита на новинарите и медиумите.

Според фламанскиот министер млади, медиуми и намалување на сиромаштијата Бенјамин Дале, независните медиуми се витален елемент на секое слободно и демократско општество.

– Денешното усвојување на Законот ја покажува континуираната посветеност на ЕУ за заштита на новинарите и на слободата и плурализмот на медиумите, додаде Дале.

Усвојувањето на регулативата претставува одговор на зголемената загриженост во ЕУ за политизацијата на медиумите, за недостигот на транспарентност околу сопственоста на медиумските куќи и за начинот на користење на државните средства за рекламирање.

Со Законот, се воспоставуваат заштитни мерки за борба против политичкото мешање во уредувачката политика на медиумите, за заштити новинарите и нивните извори на информации и за гарантирање на медиумските слободи и плурализам.

Законот се надоврзува на одредбите од Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги од 2018 година и со него се воведува независен Европски одбор за медиумски услуги, кој ќе ја замени Групата на европски регулатори за аудиовизуелни медиумски услуги (ЕРГА) основана врз основа на оваа Директива. Европскиот одбор за медиумски услуги ќе биде составен од претставници на националните медиумски власти и ќе ја советува и поддржува Комисијата и ќе промовира доследна примена на клучните одредби од Законот, вклучително и преку давање мислења и помош на ЕК во подготовката на одредени упатства.

Европскиот закон за слобода на медиумите ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување во Службениот весник на ЕУ.

Советот на ЕУ посочува дека слободата на медиумите и плурализмот се вградени во Повелбата за основните права на Европската унија и Европската конвенција за човекови права, но неколку неодамнешни извештаи укажуваат на политизацијата на медиумите, недоволна транспарентност околу сопственоста на медиумите и независноста на националните медиумски власти.

Носењето на Европскиот закон за слобода на медиумите го најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќањето пред ЕП за Состојбата на Унијата во 2021 година. Комисијата го објави Предлог-законот на 16 септември 2022 година, а неговата конечна верзија беше усогласена меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент на 15 декември минатата година.

Tags: ЕУМедиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ