Најмалку 50 жртви е трагичниот биланс на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани минатата ноќ, за време на настапот на бендот ДНК. Повеќе од 100 лица се повредени, меѓу кои има и тешко повредени кои во моментов се борат за живот, од кои половината се примени во болниците во Кочани и Штип, а половината во скопските клиники.
На социјалните мрежи и пред болниците родителите трагаат по своите деца.
Од неофицијални извори, јавноста дознава дека во болниците недостасува кислород, физиолошки ќебиња и друг медицински материјал. Пред болниците се собрани родители и блиски на настраданите.
Спасувачките екипи беа на теренот, помогнати од екипи од Штип и Скопје. Меѓу настраданите има и голем број малолетници.
Причината за пожарот најверојатно е употреба на пиротехнички материјали. На социјалните мрежи се појави видео во кое се гледа употреба на пиротехнички средства во дискотеката која се опишува како „картонска“.
Во Кочани, освен спасувачки екипи, се упати и дел од владиниот врв.
ЦМ