„Северна Кореја може да го објави остварувањето на целите на својата нуклеарна програма во рок од една година“, изјави јужнокорејскиот министер за националното обединуање Чо Мун-кун, објави Ројтерс.
„Експертите сметаат дека на Северна Кореја ѝ се потребни уште две до три години, но тие (Севернокорејците) ги развија своите нуклеарни способности побрзо отколку што очекувавме и ние не можеме да ја исклучиме можноста Пјонгјанг за една година да објави дека целосно ја реализирал својата нуклеарна програма“, истакна министерот пред медиумите во Сеул.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.