Тимот кој ги евалуира упатствата за руската вакцина Спутник V денеска треба да излезе со дефинитивен став, кои лица ќе имаат предност за вакцинирање со оваа вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека најверојатно тоа ќе бидат повозрасните лица и оти има размислувања за тоа каде да се почне со вакцинација.
– Сега има некои мислења и за тоа дали да се почне со старечките домови и со луѓето коишто се сместени таму или со дел од кадарот, така што дефинитивно денеска ќе знаеме, изјави министерот.
Втората доза од руските вакцини