• Latest

„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

April 26, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

„Вакцините нè доближуваат“ – Европска недела на имунизација

April 26, 2021 11:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „Вакцините нè доближуваат” денеска почнува одбележувањето на Европската недела на имунизација.

На почетокот на Европската недела на имунизација, Министерството за здравство и канцелариите
на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Северна Македонија истакнуваат дека вакцинацијата е јавно добро со кое му се помага на општеството, се заштитува здравјето на населението и се спасуваат човечки животи.

Преку годинашното одбележување на Европската недела на имунизација во Северна
Македонија, Министерството за здравство и партнерите сакаат да ја подигнат свеста за вредноста
на имунизацијата, нагласувајќи ја важноста на континуитетот на рутинската имунизација и на
потребата од стекнување на довербата од јавноста во безбедноста и ефикасноста на вакцините
против КОВИД-19, меѓу другото и заради заштита на здравствените работници и ставање крај на
пандемијата.

– Јавно здравствените и социјалните мерки помагаат да се забави ширењето на вирусот, но
вакцинацијата против КОВИД-19 е алатката од витално значење за ставање крај на пандемијата и
во тој контекст вложуваме максимални напори за да обезбедиме вакцини за целото население,
вели министерот за здравство Венко Филипче.

Посочува дека за целото времетраење на епидемијата, се вложуваат големи напори да се  избалансира одржувањето на есенцијалните имунизациски услуги за сите возрасти, од една страна, со искористувањето на сите расположливи стручни потенцијали, ресурси и веќе докажани капацитети на државата за спроведување вакцинација за подготовка и за самата реализација на вакцинацијата против КОВИД-19 на безбеден начин. Напорите на планот на имунизацијата, наведува Филипче, опфатија и партнерска соработка со УНИЦЕФ и СЗО во областите на изготвување на национален план за вакцинација за КОВИД-19 и надминување на предизвиците во врска со обезбедувањето вакцини и нивно чување и друга логистика, благодарение на што се создадоа функционален ланец на снабдување со вакцини и обучени здравствени работници и вакцинатори во државата.”

Имунизацијата е водечка иницијатива на Програмата за работа на Канцеларијата на СЗО за
Европа за периодот 2020–2025 година насловена „Обединета акција за подобро здравје во Европа” – објаснува д-р Жихан Тавила, претставничка на СЗО во Северна Македонија.

„Како еден од најдокажаните економични начини за заштита на здравјето, имунизацијата е корисна за сите, насекаде во светот. Вакцините се колективно јавно добро, така што за сите луѓе треба да се обезбеди правичност во поглед на нивниот пристап до и користа од вакцините. Доколку се случи да биде запоставена рутинската имунизација заради состојбата со КОВИД-19, последиците ќе се чувствуваат уште долго откако ќе заврши пандемијата. Благодарение на години и години напорна работа во насока на обезбедување сите луѓе да бидат заштитени преку вакцинација, сè поблиску сме до елиминирање на неколку болести како што се на пример малите сипаници, но за да се заштити ваквиот напредок по секоја цена мора да се одржува висок опфат со имунизација преку рутинска вакцинација. Среде пандемијата на КОВИД-19, вакцинацијата претставува критично важна интервенција за ставање крај на пандемијата по што конечно ќе можеме да бидеме поблиску едни до други, вели Тавила.

Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во земјава, пак, истакнува дека после цела една година на затварања, празни училници и откажани собирања на семејствата, луѓето низ целиот свет почнуваат да добиваат вакцина против КОВИД-19 или се во очекување на тој момент.

– Сите знаеме дека вакцините против КОВИД-19 се најголемата надеж што ја имаме дека ќе ни се врати нормалниот живот и дека повторно ќе можеме да бидеме блиску едни до други. Тие се исто така важен потсетник за критично важната улога што ја имаат другите вакцини, вклучувајќи ги и рутинските вакцини за децата, кои ни го овозможуваат нашето секојдневно функционирање, вели Ди Џовани.

Министерството за здравство и канцелариите на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во заедничкото соопштение по повод Европската недела на имунизација, истакнуваат и дека КОВИД19 наруши голем број услуги, па така, додека од една страна сме сведоци на намалена побарувачка на услуги за децата во делот на дијагностиката, лекувањето хронични болести и примарната здравствена заштита, што се должи на стравот на родителите дека децата би можеле да се заразат од КОВИД-19, она што радува е фактот што интересот за рутинска имунизација на децата и самото нејзино спроведување останаа во најголем дел несмалени.

Погрешните информации и дезинформациите може да предизвикаат колебливост во поглед на вакцините и на тој начин да претставуваат пречка на патот кон посакуваниот делотворен вакцинален одговор на пандемијата. Во борбата против КОВИД-19, партнерите исто така повикуваат на поголема ангажираност во насока на обезбедување пристап за граѓаните до информации и совети од веродостојни извори. Отворените и објективните комуникации им помагаат на луѓето да донесат издржани одлуки, засновани на нивна добра информираност, како и да ја разберат важноста на вакцинацијата како нај делотворен начин – заедно со мерките како идентификување на контактите на заразените, одржување физичка дистанца, носење маска и миење раце – за ставање крај на пандемијата

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ