• Latest
Photo by Steven Cornfield on Unsplash

„Вакцинската“ сага на Северна Македонија

March 16, 2021
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

„Вакцинската“ сага на Северна Македонија

March 16, 2021 16:34
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Photo by Steven Cornfield on Unsplash

Photo by Steven Cornfield on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Со новите, покачени бројки на заболени со коронавирусот, приказната со вакцините против КОВИД-19 во Северна Македонија уште повеќе е предмет на јавна дебата, меѓупартиски обвинувања, влева неизвесност кај граѓаните, но и кај политичките чинители во државава.

Премиерот Зоран Заев, при посетата на Големото Војводство Луксембург, за луксембуршкиот весник „Ворт“, меѓу другото, изјави дека Северна Македонија е разочарана од Европската Унија што се однесува до набавката на вакцините против Ковид -19.

Изјавата доаѓа по одминувањето на Северна Македонија од Европската Унија во доделувањето вакцини од Фондот за солидарност на Европската Унија за справување со финансиското влијание на Ковид-19 во здравствениот сектор, со образложение дека Северна Македонија не го исполнува основниот предуслов за користење на ФСЕУ, односно, дека не направила доволно расходи.

За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 год.

Во меѓувреме, во државава преку „vakcinacija.mk“ 80.201 граѓани изразија интерес да се вакцинираат, а 56.821 граѓани се анкетирани преку матичните лекари додека 4.782 здравствени работници се вакцинирани.

Северна Македонија минатиот месец од Србија доби донација од 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, а на почетокот на март пристигна и првата пратка од 3.000. Нарачани се и 200.000 вакцини „Спутник V“ од Русија. Најавени се и 800.000 вакцини од Кина.

Ненавремената набавка на вакцините предизвика остри реакции од опозицијата, како и од јавноста, а од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ најавија поднесување интерпелација на министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Интерпелацијата ќе биде поддржана од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На прашање од ЦИВИЛ Медиа дали Алијансата за Албанците ќе ја поддржат интерпелацијата на Филипче, генералниот секретар на АА, Арбен Таравари одговори потврдно.

-Во принцип, да. Мислам дека како опозиција, треба да ги поддржиме сите интерпелации за секој министер, а посебно за здравство, изјави Таравари.

„Нема македонско семејство каде што нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше. За жал, во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не ѝ пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар ѝ се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова. Наместо министер за здравје, Филипче стана министер за смрт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ реагираат со посочување на неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ за сето време на ковид кризата, како и за постојаното конструирање на случаи.

„Од почетокот на пандемијата со коронавирусот, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само неодговорно, деструктивно однесување на штета на јавното здравје, на штета на здравствениот систем. Тоа незрело, неодговорно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со конструирани случаи и денешното барање за отповикување на министерот за здравство доктор Венко Филипче.

Очигледно е дека Христијан Мицкоски и останатите функционери на ВМРО-ДПМНЕ се патолошки опседнати со провизии. Нема друго логично објаснување за нивното упорно ширење лажни вести. Изгледа се уште живеат заглавени во филмот на нивниот режим, кога речиси и да не постоеше јавна набавка во која не постоеше провизија за „фамилијата“ и ВМРО-ДПМНЕ.

Кога во светот буквално се води трговска војна да се обезбедат вакцини, ВМРО-ДПМНЕ заради тесно партиски интереси, свесно и со умисла му наштетува на угледот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините и со тоа намерно ги одвраќа економските оператори да бараат легални канали и да лобираат за земјата побрзо да обезбеди доволна количина вакцини за масовна имунизација на населението“ – се вели во жестоката реакција од СДСМ.

Во меѓувреме, од Светската Здравствена Организација, За ТВ 24 информираат дека Северна Македонија  ќе добие 100.800 вакцини на „Астра Зенека“ од КОВАКС механизмот преку првата распределба.

„На Северна Македонија и се доделени 100.800 дози. Првата фаза на распределбата им беше соопштена на релевантните влади кои тесно соработуваат со партнерите во КОВАКС и производителите на вакцини за специфичните датуми за испорака. Временските рамки за овие испораки, ќе бидат објавени во наредните денови.“ – велат од СЗО.

Од министерството за здравство велат дека ги очекуваат овие вакцини во текот на следните недели, но без да прецизираат точен датум и количина на пристигнување. Тврдат дека Владата ги завршила сите процедури и наплати навреме.

Според информациите на здравствените власти Македонија има нарачано вкупно 833.000 вакцини преку овој механизам, кои ќе пристигнуваат во неколку фази.

Според листата што ја испрати СЗО до ТВ 24 од земјите во регионот, најмногу вакцини преку КОВАКС механизмот ќе добие Србија – 295.200 дози, Албанија ќе добие 120.000 вакцини, а Косово ќе добие иста количина како и Македонија.

Д. Тахири

 

 

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ