-Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија. Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава. Ние се бориме за себе, за Македонија, за Македонците. Ние веќе мораме на сите да им се извинуваме за тоа што сме Македонци, истакна Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица, на средба со граѓаните во Долно Лисиче.
Ванковска на средбата ја промовираше и претседателската програма. И пред граѓаните на Лисиче ја истакна цврстата определба за раскинување на трите договори кои не и донесоа ништо добро на Македонија, како и за носење на нов Устав.
Н. А.