„Мојата противкандидатка е постојано фаворизирана како иден претседател, а што ни нуди мојата колешка? Внесување на Бугарите во Устав со одложено дејство. Тоа е исто како да ви кажат, „ама вас нема да ве боли, ќе ги боли вашите деца. Втор го фаворизираат Стево, кој се фали дека направил добра работа што не внел во НАТО, а што добро направил со тоа, освен да плаќаме за милитаризација“, рече на митинг во Кавадарци кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска.
Таа меѓу другото кажа дека сето ова што тие го нудат е сосема различно од мојата програма. Ние мора сите нив да ги расчистиме бидејќи се сијамски близнаци.
Бујар, како што рече, е една чудна ѕверка која размислува дали да се кандидира за европски претседател или да се кандидирал за генерален секретар на НАТО.
„Неговиот трик за да не замолчи со критиките кон ДУИ и тоа да го нарече албанофобија, е само трик. Ние не сме албанофоби. Јас сакам да бидам претседател на сите граѓани.“, рече Ванковска.
Според неа, за Таравари нема ни што многу да се зборува затоа што, како што рече, тој својата кампања ќе ја водел во дијаспората.
Н. А.