• Latest

Вардарскиот плански регион се спојува со Југоисточниот во заеднички систем за управување со отпад

March 13, 2021
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Вардарскиот плански регион се спојува со Југоисточниот во заеднички систем за управување со отпад

March 13, 2021 10:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вардарскиот плански регион ќе биде вклучен во Југоисточниот плански регион за заеднички регионален систем за управување со отпад, исклучок се општините Велес,Чашка, Лозово и Свети Николе кои ќе бидат приклучени кон Североисточниот и Источниот плански регион.

Владата заедно со Министерството за животна средина работи на подготовките за реализација на еден од најзначајните регонални проекти за Велес и Вардарскиот плански регион, изградбата на Регионален систем за управување со отпад.

Според последните информации, Вардарскиот плански регион во овој значаен капитален проект треба да се спои, со Југоисточниот регон во заеднички систем за управување со отпад. Изградбата на Меѓурегионалната санитарна депонија е планирана во село Добрешинци, Струмичко. Исклучок се општините Велес и Чашка кои ќе бидат приклучени кон Североисточниот и Источниот плански регион, кои отпадот ќе го депонираат на Меѓурегионалната санитарна депонија во селото Мечкуевци во близина на Свети Николе. Претходно тоа е направено со општините Лозово и Свети Николе. Сите овие четири општини се дел од Вардарскиот плански регион, но поради близината, комуналниот цврст отпад ќе го депонираат на оваа Меѓурегионална депонија кај село Мечкуевци, Светиниколско.

Другите општини од Вардарскиот плански регион: Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија цврстиот комунален отпад ќе го депонираат на Меѓурегионалната депонија во село Добрешинци, Струмичко.

Што опфаќа проектот за изградба на Регионален систем за управување со отпад

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски за Вардарскиот плански регион веќе е завршен најголем дел од проектната документација, а за Југоисточниот регион завршена е физибилити студијата.

Изградбата на Меѓурегионалната санитарна депонија за Југоисточниот регион е планирана во село Добрешинци, Струмичко, а локациите за претоварните станици ќе бидат дополнително утврдени. Вредноста на проектот е 15,4 милиони евра кои треба да се обезбедат со заем од Европската банка за обнова и развој.

Тој појасни дека износот понатаму би се намалил со аплицирање во инвестициска рамка на Западен Балкан во висина од 70 отсто од вкупната вредност на проектот која изнесува 10.784.200 евра.

Воедно информира дека се разгледуваат и можностите за користење средства од ИПА 3 програмата на ЕУ.

Владата веќе го задолжила Министерството за животна средина и просторно планирање да започне постапка за обезбедување  заем за реализација на овој значаен проект.

-Задоволство ми е што Велес влезе во краткорочните и долгорочните планови за реализација на овие капитални регионални проекти за управување со отпад. Тие во голема мера ќе го подобрат квалитетот на живот и ќе ја зајакнат заштитата на животната средина и ќе ја поттикнат локалната и регионалната економија со отворање на нови работни места, изјави Коцевски.

Тој информираше дека Владата на РС Македонија на 43-тата седница, одржана на 2 февруари годинава, го задолжила Министерството за финансии во соработка со МЖСПП да започне постапка за обезбедување заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување Регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион во висина од 55.367.614 евра, најдоцна до 15 февруари годинава.

Што вклучува инвестицијата

Инвестицијата вклучува набавка на контејнери за комунален отпад и набавка на возила за собирање комунален отпад. Пософистицираните технологии за третман на отпад ќе бидат имплементирани во наредната фаза за инвестирање. За набавка на камиони се предвидени 4.068.000 евра, за набавка на контејнери 868.000 евра и тоа за оваа годинава. За депонија се предвидени 6.619.000 евра и за претоварна станица се предвидени 3.851.000 евра во 2022 година. За реализација на овој проект вкупно се планирани 15.406.000 евра.

Планските региони во земјава се поврзуваат во заеднички Меѓурегионален систем за управување со отпадот,согласно националното и ЕУ законодавство за депонирање на отпад

Градоначалникот Аце Коцевски појасни дека бидејќи нема расположливи грантови од ИПА 3 програмата за реализација на истите, а за да може овие системи да станат достапни за домаќинствата и правните лица, Владата на РС Македонија одлучила дека најекономично решение е да се воспостави заеднички Меѓурегионален систем за управување со отпадот, помеѓу Пелагониски со Југозападен од една страна и Југоисточен со Вардарски регион од друга страна.

-Само на тој начин ќе се овозможи реализација на подобро собирање, транспортирање и отстранување на отпадот и изградба на две санитарни депонии согласно националното и ЕУ законодавство за депонирање цврст комунален отпад, појасни Коцевски.

Што се добива со поврзување на планските региони во врска со Меѓурегионалниот систем за управување со цврст комунален отпад

За Вардарскиот плански регион првично, регионалната депонија за комунален цврст отпад беше планирана да биде лоцирана во општина Росаман. Но како што појасни Коцевски, бидејќи во Вардарскиот плански регион има релативно помал број жители во споредба со другите региони се утврдило дека е економски неисплатливо,не само за Вардарски плански регион, туку и за другите региони да има толку депонии колку што има региони.

Поради тоа сите градоначалници од земјава одлучиле да се откажат од надлежноста за депонирање на цврстиот комунален отпад и да и ја вратат на државата, односно Владата на РСМакедонија, а за таа да може поедноставно да ги организира сите работи по ова прашање.

-Затоа е одлучено да се фузираат-спојат регионите и нашиот Вардарски плански регион го фузираат со Југоисточниот плански регион, односно со струмичката околина, информира Коцевски.

Тој појасни дека бидејќи од Велес е многу далеку да се транспортира отпадот од претоварната станица до село Добрешинци, Струмичко најдено е решение дека од Општините Велес и Чашка,а претходно тоа било направено од Лозово и Свети Николе кои се составен дел на Вардарски плански регион да бидат припоени кон депонијата во село Мечкуевци во близина на Свети Николе.Таму ќе се депонира од Североисточниот и Источниот регион односно од кумановско-кривопаланечко, Штип и целата околина од Источниот регион.

-Мислам дека тоа е многу паметно и разумно решение затоа што транспортните трошоци значително ќе се намалат, смета Коцевски.

Општините, односно Јавните комунални претпријатија и понатаму ќе имаат обврска да го собираат цврстиот комунален отпад, да го транспортираат и да вршат наплата.  Фабриките за преработка на цврстиот комунален отпад,за кој се уште не е јасно како ќе функционира, дали како заедничко јавно претпријатие или ќе се дава во некоја форма на јавно-приватно партнерство или под концесија, ќе има надлежност да го складира и да го преработува отпадот, а во поголемите градови ќе се направат таканаречени претоварни станици каде што ќе се собира отпадот и ќе се компресира, односно-ќе се збива за да се намалат транспортните трошоци.

Додаде дека тогаш ќе дојде до затворање на постоечката Градска депонија која сега ја има Велес и ќе се изврши хуманизација на тој простор.

МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ