Ана Василевска, новинарка, говори за штетите нанесени на медиумите и слободата на изразувањето, за подобните и неподобните медиуми и новинари, и за односот на властите.
„Она што е важно, и за коешто јас сметам дека за слободата на медиумите е направена огромна штета, за која ќе треба многу долго време за да се промени целиот тој контекст на подобност или неподобност на идентитетите на новинарите кои работеа таму. Не земајќи го предвид моментот дека истите тие, мои колеги, кои морале да работат под притисок, најчесто, да пишуваат вести и стории коишто можеби се коселе и со нивниот етички став, нивниот професионален став, за да ја заработат извесната плата, е исто така еден друг проблем којшто ќе го оставиме на страна“, вели Василевска.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска