Вдовиците на руските борци убиени во Украина добиваат бунди донирани од доставувач од руската престолнина. Видеото покажува како облеката им се предава на жените во Макиевка, во областа Донецк, окупирана од Русија.
Вдовиците во објавеното видео им се заблагодарија на Русите за помошта.
„Денеска неочекувано ја добивме оваа помош. Многу сме ви благодарни. Семејствата на паднатите борци се собраа овде. Навистина, од се срце ви благодариме!, рече една жена.
Вдовиците на елиминираните руски војници добија бунди како компензација. Судејќи според видеото, тие се „среќни“.