Categories

ИСТРАГА Вељаноски на распит во обвинителство за „27 април“

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски утрово бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да направи увид во доказите од случајот за „27 април“.

Тој е еден од осомничените во новата истрага што ја отвори шефицата на ова обвинителство, Вилма Русковска, која се однесува на организаторите и нарачателите на „крвавиот четврток“. За него се бараше притвор, но Собранието не му го одзема имунитетот, бидејќи Талат Џафери не го стави на гласање во рокот во кој требаше да се гласа.

Покрај Вељановски, во истрагата осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, како и разузнавачот Никола Бошковски кој е во бегство во Грција.

Print Friendly, PDF & Email