„Референдумот ќе биде успешен за подобар проспоритет и за доброто на младите“, вели еден велешанец на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, што мисли за референдумот.
Граѓаните на Велес се со поделени мислења, дел од нив го подржуваат референдумот а дел од нив ќе бојкотираат.
„Јас нема да одам на гласање на референдумот, бидејќи за мене тоа е глупост“, вели една граѓанка.
„Референдумот ќе биде успешен бидејќи тоа и треба на Македонија“, истакна еден велешанец.
„Името требаше да остане Република Македонија како што викаат од ВМРО-ДПМНЕ, а не да се вика Северна Република Македонија, ако името им смета на Грците тоа е нивни проблем а не наш“, додава друг граѓанин.
Дел од граѓаните немаа став околу референдумот и не сакаа да коментираат пред камерата на ЦИВИЛ Медиа.
Ангела Петровска
Обработка на текст: Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети