• Latest
Словјанск, Украина, 10 април 2026 (Фото: ДСНС Донеччини)

Велигденско примирје: Украина бара вистински прекин на огнот, не симболичен потег

April 10, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Велигденско примирје: Украина бара вистински прекин на огнот, не симболичен потег

April 10, 2026 16:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Словјанск, Украина, 10 април 2026 (Фото: ДСНС Донеччини)

Словјанск, Украина, 10 април 2026 (Фото: ДСНС Донеччини)

Share on FacebookShare on Twitter

Москва најави 32-часовен прекин на огнот по повод Велигден, кој треба да започне на 11 април. Кијив реагира внимателно, нагласувајќи дека секое примирје има смисла само ако е вистинско, одржливо и проверливо.

Украина изрази подготвеност за взаемни чекори околу велигденското примирје најавено од руска страна, но реалноста на теренот покажува дека војната продолжува со несмален интензитет, додека утринава низ земјата повторно одекнуваа сирени за воздушна опасност.

Претседателот Володимир Зеленски ја повтори позицијата на Украина, поврзувајќи го прекинот на огнот со пошироките дипломатски перспективи:

„Украина повеќепати изјави дека е подготвена за взаемни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе постапуваме соодветно. На луѓето им треба Велигден без закани и вистинско придвижување кон мирот, а Русија има шанса да не се врати на нападите ни по Велигден.“

Зеленски, исто така, изјави дека прекинот на огнот секогаш создава можности за дипломатија во процесот што води кон вистински крај на војната.

„Прекинот на огнот секогаш создава повеќе можности за дипломатија и треба да му претходи на вистинскиот крај на војната. Украина отсекогаш ѝ пристапувала на оваа војна од таа позиција“, изјави украинскиот претседател.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, беше уште поексплицитен:

„Нашата позиција е дека воопшто нема потреба од повторно започнување на нападите. Траен прекин на огнот би го отворил патот за вистинска дипломатија со цел да се стави крај на оваа војна, во која Русија никогаш нема да победи и која конечно мора да ја запре.“

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, ја пренесе истата порака, но и реалноста од теренот.

„Велигденското примирје е можност за Украинците да ги поминат празниците без експлозии и терор. Украина е подготвена за взаемни чекори. Но вистинскиот мир започнува со тишина што не завршува по празниците. За жал, денешното утро веќе започна за Украинците со воздушна тревога“, објави амбасадорката Дир денеска.

И покрај најавите за примирје, на 10 април низ повеќе региони на Украина беа активирани воздушни тревоги, што јасно покажува дека борбените дејствија продолжуваат, а најавеното примирје сè уште не е стапено во сила.

Велигденското примирје е можност за Украинците да ги поминат празниците без експлозии и терор. Украина е подготвена за взаемни чекори. Но вистинскиот мир започнува со тишина што не завршува по празниците. За жал, денешното утро веќе започна за Украинците со воздушна тревога. pic.twitter.com/lZoyklDnbm

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 10, 2026

Во објава на социјалните мрежи, Украинската Државна служба за вонредни состојби (ДСНС) од Донечката област известува дека руските напади продолжуваат да предизвикуваат пожари, разурнувања и оштетувања дури и на спасувачката инфраструктура, додека тимовите интервенираат под постојана закана од нови удари.

Искуството од претходните обиди за привремени прекини на огнот ја храни скепсата во Кијив. Украинските власти во повеќе наврати документираа дека ваквите најави не значат и вистинско запирање на нападите.

Велигденското примирје доаѓа во момент кога фронтот останува интензивен, но без битни промени, а двете страни водат исцрпувачка војна на трошење ресурси и време.

Украина сè поинтензивно користи далекуметни дронови и прецизни удари, додека Русија продолжува со ракетни и беспилотни напади врз инфраструктура и цивилни цели.

Позицијата на Украина останува непроменета. Примирјето има вредност само ако прерасне во траен прекин на огнот и вистинска дипломатија.

М. Д.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ