Вагнер, озлогласената руска платеничка група, официјално е прогласена за „терористичка“ организација во Велика Британија, како што беше објавено минатата недела од Министерството за внатрешни работи на земјата. Тоа значи дека отсега секоја активна поддршка на Вагнер групата во Велика Британија ќе се смета за кривично дело, пренесува Еуроњуз.
„Вагнер е насилна и деструктивна организација која делуваше како воена алатка на Русија на Владимир Путин во странство“, рече министерката за внатрешни работи Суела Браверман.
„Тие се терористи, просто и едноставно“, додаде таа.
Ана Мајер, доцент на Факултетот за политика и меѓународни односи на Универзитетот во Нотингем и експерт за тероризам, изјави за Еуроњуз дека иако пропишувањето терористи функционира малку поинаку во секоја земја, во Велика Британија тоа би значело дека да се биде член или поддржувач на Вагнер ќе се смета за нелегална активност, како и ширење на пропагандата на групата и обезбедување финансиски или други донации.
Делумно, одлуката на Велика Британија претставува одговор на барањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, платениците од Вагнер да се третираат како терористи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Постојат некои истражувања кои сугерираат дека прогласувањето може да ја намали зачестеноста на нападите на групата, иако тоа во голема мера зависи од степенот до кој странските влади соработуваат во таргетирање на забранети групи, како и од тоа колку е добро организирана групата“, рече таа за Еуроњуз.
М. П.