• Latest
Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе

Велковски: Борбата за социјална правда и антинационализам е наше секојдневие

October 13, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Велковски: Борбата за социјална правда и антинационализам е наше секојдневие

October 13, 2020 11:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ
Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе

Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе

Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на медиумската платформа на ЦИВИЛ им испрати покани за интервју на градоначалничките и градоначалниците на сите општини низ целата земја на кои ќе разговара за теми поврзани со антинационалнизмот, социјалната правда, зелените вредности, како и актуелната политичка состојба, европските вредности и ЕУ интеграции.

Интервјуото со градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски е прво од серијата интервјуа што ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Велковски: Кога зборуваме за зелени перспективи на една општина, веднаш на мисла ни е пред се екологијата и заштита на животната средина, односно комунална хигиена, сузбивање на дивите депонии во општината,  навреме собирање на комуналниот отпад и секако заштита на сите речни корита во општината од нивно загадување. Во таа насока е и моето размислување за зелените перспективи на нашата општина во поставување канализациони мрежи во сите населени места, прочистување на отпадните води и функционирање на пречистителната станица за отпадни води која ја пуштивме оваа година во функција после 13 години неработење, меѓутоа и поставување на пречистувачи за отпадните води во селата.  Во контекст на ова би го додал и собирањето на комуналниот отпад од сите населени месте и нивна дистрибуција на моменталната депонија за отпад. Свети Николе е општина каде веќе е направена стратегија за одлагање на комуналниот отпад од два региони, Источниот и Северно-источниот плански регион, а според најавите преку европски пари во наредниот период ќе треба да се изгради фабрика за преработка на комуналниот отпад која треба да се гради на територијата на општина Свети Николе, односно до с. Мечкуевци.

Јас би додал и уште нешто што се однесува до зелените перспективи на нашата општина, тоа е искористувањето на природните ресурси со кои располага нашата општина, а тоа се ветерот и сонцето, односно привлекување на инвестиции во поставување на фотоволтаични централи и ветерници со кои ќе ја зголемиме енергетската ефикасност на нашата држава и ќе ги намалиме емисиите на штетни гасови во атмосферата кои ги испуштаат термоцентралите.

Секако на ова ќе се надоврзам со реализација на проектот за гасификација на општината и задоволување на потребите на фирмите што користата ц – врсти и течни горива за нивните стопански капацитети. На тој начин, сметам дека ќе влијаеме на намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Велковски: Борбата за социјална правда и антинационализмот се наше секојдневие и секоја влада прави напори истите да ги доведе во состојба како што доликува на една демократска држава, односно решавање на проблемите што од нив потекнуваат. Не оди лесно, но мое мислење е дека со една добро направена стратегија за одржлив развој и секако нејзна имплементација, со зголемување на бројот на домашни и странски инвестиции и отварање на нови работни места, тоа ќе се постигне. Верувам дека со членството во НАТО и претпристапните преговори со ЕУ, веќе наредниот период ширум ќе бидат отворени вратите за влез на што поголем број на инвестиции, а со тоа и зголемена стапка на вработеност, поголеми плати на вработените и покачување на животниот стандард на граѓаните.

Зелен ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии вонашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Велковски: Растечките политички и етнички тензии во државата никому не одат во прилог. Република Северна Македонија е мултинационална држава, каде живеат различни етноси, со различни култури, традиции, верска определба. Токму тука треба да ја црпиме енергијата за да одиме понатаму, односно да бидеме сплотени како никогаш досега, посебно денес кога се очекува да бидеме дел од уште поголемо семејство наречено ЕУ. Денес кога сме на прагот да го оствариме нашиот вечен сон, да бидеме рамо до рамо со едни од најразвиените земји во светот, можеме и мораме да биде заедно со цел да обезбедиме сигурна иднина на генерациите што доаѓаат. Верувам дека сме на прав пат наскоро сонот да стане јаве.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед?

Велковски: Се знае нашата определба уште кога станавме самостојна држава, а тоа се НАТО и ЕУ. Јасно се дефинирани овие две стратешки цели. Една од нив веќе ја остваривме со станување на 30-та членка на НАТО, со седење рамо до рамо со најразвиените земји во светот, што од друга страна значи стабилност на нашата држава, нашите граници. Не очекува напорна работа со претпристапните преговори со ЕУ. Затоа мораме да ги засукаме ракавите, да работиме напорно, да реализираме голем дел од реформите што ги ветивме на ЕУ и да ги почитуваме принципите, регулативите и вредностите на сите земји членки на ЕУ. Нема да биде лесно, но кога имаме јасна визија за тоа каде сакаме да се движиме, тогаш  истата можеме полесно да ја оствариме.

обработка на текст: Б. Јордановска


Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ