• Latest

Ветувања, вицови и црна пропаганда на првиот ден од изборната кампањата

September 27, 2021
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Ветувања, вицови и црна пропаганда на првиот ден од изборната кампањата

September 27, 2021 23:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска официјално започнатата кампањата за Локалните избори 2021, попладнево веќе зема уште посилен замав. Промотивните видео спотови полни со ветувања ги окупираа ТВ каналите и останатите медиуми, кандидатите меѓу граѓан(к)ите се претставуваат со својата програма, соочување на кандидатите за градоначалници на општина Аеродром на ТВ, жестока дебата помеѓу кандидатите за градоначалник на Општина Шуто Оризари на првата од серијата дебати организирана од ЦИВИЛ. Црна кампања, злоуптреба на деца во политичката кампања, изјави и ветувања на ниво на парламентарни избори, тоа е констатацијата на мониторингот на ЦИВИЛ во првото издание на „Изборен рапорт“ што денеска се емитуваше во живо, во 11 часот.

ВМРО-ДПМНЕ кампањата „Создади нова иднина”  ја почна традиционално од Охрид 

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ја започнува изборната кампања за претстојните локални избори, традиционално од Охрид. На собирот на отворено, кај Антички театар во Охрид, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ги претстави кандидатите за градоначалници на опозициската партија, вклучително и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, кој пред присутните ја претстави својата визија за развој на градот доколку тој ја добие довербата. Своето обраќање пред присутните на почетокот на кампањата, Мицкоски го започна со виц за Заев ( кој своевремено кружеше во јавноста , но со Груевски во главна улога), а потоа упати и неколку пораки до граѓаните:

Кампања за локалните избори на ВМРО ДПМНЕ „Создади нова иднина”во Охрид

– Ова се навидум локални избори. Но ако се погледне подлабоко, се нешто повеќе од тоа. Од нив зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија.

– Да создадеме нова иднина! Ние гарантираме 14.835 проекти, кои ќе направат од Македонија успешна приказна.

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ на СДСМ стартуваше од Битола

СДСМ ја започна кампањата „Најдоброто за мојата општина“ на средба со граѓанките и граѓаните во Демир Хисар и продолжија на голема граѓанска трибина во Битола. Од Демир Хисар, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред присутните порача дека на овие избори СДСМ и коалицијата ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена.

Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз, но рамномерен локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони. Заев потенцира дека граѓаните одлучуваат на 17 октомври и со гласот за коалицијата предводена од СДСМ избираат „заедништво и развој, наспроти поделби и минато“.

Од големата граѓанска трибина во Битола се обратија Мила Царовска, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Бојан Маричиќ, Сања Лукаревска и кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, кој пред граѓаните ја претстави својата визија за поубава Битола со нов сјај и најави бројни проекти, од кои ги претстави топ 10 проектите.

Кампања за локалните избори 2021на СДСМ, „Најдоброто за мојата општина” во Битола

Свое обраќање во Општина Свети Николе имаше и кандидатот за градоначалник на СДСМ за оваа општина, Сашо Велковски.

Алијанса за Албанците

На првиот ден од почетокот на кампањата за локалните избори Алијансата за Албанците отвори општински изборен штаб во своето седиште во Тетово, а претседателот на партијата Зијадин Села на сите им посака добра кампања.

Движењето „Одлучно за промени“ го започна изборниот караван

Време е да престане бетонизирањето на секоја слободна површина во градовите, време е навистина да понудиме и за нас и на идните генерации, чист воздух за да останат здрави, истакна лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, на вечерашниот митинг со кој се означи стартот на изборниот караван на движењето „Одлучно за промени“, водено од ДОМ и ЛДП.

Кампањата започна и во Скопје

И ДУИ, Шанса за Центар, кандидатите за градоначалник за Град Скопје, меѓу кои и Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, и кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, од денеска фицијално започнаа со  кампањите за локалните избори .

ТВ И ОНЛАЈН ДЕБАТИ И СООЧУВАЊА

ЦИВИЛ организираше дебата со кандидатите за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш од коaлицијата ЛДП-ДОМ, Асан Ферат од СДСМ и Тефик Махмут од Левица. Тие зборуваа за зелените вредности, антинационализмот и социјалната правда.

https://youtu.be/4JYHKpTfnvM

Тие си подадоа рака дека ќе водат фер и демократска кампања и дека нема да се навредуваат меѓу себе, туку дека ќе водат битка со различни прогресивни идеи и програми кои ќе им ги понудат на жителите на Шуто Оризари.

На ТВ Телма се соочија кандидатите за градоначалници на Општина Аеродром, каде дебатираа за досега оствареното и новите ветувања за развој на општината.

ЦРНА КАМПАЊА

Уште на самиот почеток на изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври, веќе почна црната кампања во Кочани против актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за оваа функција, Николчо Илијев.

Во текот на ноќта, во градот се расфрлени летоци со порака: „Зошто ме присиливте“, „Илјада пати кажав не за втор мандат!“. Според инфромациите на набљудувачи на ЦИВИЛ од теренот, летоците биле расфрлени од активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките партии и кандидатите за градоначалници пред почетокот на изборната кампања за локалните избори потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, кој очигледно не траеше ниту еден ден. Кампањата на терен покажа дека партиитe не се воздржуваат од црна пропаганда.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ