Ви го претставуваме мразачот Ставре Грамов, психијатар, продава, готви или нуди „јајца на сите можни начини“, „љубител“ на домашни животни и судејќи по профилот на социјалната мрежа Фејсбук – дедо.
Грамов e само уште еден од дежурните коментатори, во случајот на ескалирачкиот говор на омраза кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
ЦИВИЛ најостро го осудува крајно сексистичкиот, мизоген, деградирачки и нечовечки однос и говор на омраза, во случајов кон министерката Славјанка Петровска, како и кон секоја жена и девојка, на, и вон социјалните мрежи. ЦИВИЛ потсетува дека постојано ги повикува институциите да преземат соодветни и остри мерки кон секој што произведува говор на омраза, како и граѓанките и граѓаните кои очигледно лесно подлегнуваат под организираната хајка со крајна омраза врз родова основа кон јавни личности, но и кон сите жени што не се изложени директно во јавноста.