За мене не постои национализам и патриотизам, за мене и едното и другото е лудост. На тие работи најчесто наседнуваат луѓе што се наивни, оние од другата страна на железната завеса. Меѓутоа, планерите и управителите се тие кои што диктираат како им одговара за да си ги остварат целите, дали се политички или економски, јасно е тоа како ден… Национализмот, јас како теолог, го гледам како една деструктивна појава која му го ограничува на човекот видикот, размислувањето, му го ограничува менталитетот, и секако по дифолт ќе го води во насока на тој поинаквиот, на тој другиот, да му нанесе, нели, неправда.
Зошто? За да си ги оствари своите цели, и воопшто не му е грижа за тој „поинаквиот“ кој не го зборува неговиот јазик, или не ги познава неговите традиции, или не ги почитува неговите обичаи…
Хусеин Адеми во интервјуот на ЦИВИЛ, дел од проектот „Патриотизам да – национализам не“: Неретко национализмот се крие зад религијата, тоа мора да се искорени