Да почнам уште еднаш од тоа дека јас национализмот ќе го поврзам со идентитетот, прашањата на идентитетот, и ќе пробам така да го објаснам она што ни се случува кога се работи за национализам. Значи уште еднаш, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе,/ секоја здрава личност/ во градењето на таа слика и помага идентитетот. Идентитетот освен личен има и аспект на социјална компонента. Во тие социјални компоненти пак велам влегува припадноста на различните групи и ја дефинира припадноста.
Имајќи го предвид во фокусот на нашиот интерес денес како национализам е дискусијата треба да се однесува на два вида на идентитети , на нив да се концентрира. Едниот е таканаречен етнички идентитет, другиот е таканаречен национален идентитет. И тоа зависи дали идентитетот е во односот кон нацијата или е во односот кон сопствената етничка група. Сега националниот идентитет е поширок концепт од етничкиот идентитет затоа што бара да се надмине односот кон припадноста на сопствената етничка група и да се поврзе со нацијата како политичка категорија. Она што ние го гледаме во јавниот дискурс е дека не се прави разлика помеѓу тие два вида на идентитети, етнички и национален, многу често се злоупотребува поимот идентитет, и да речеме па етничкиот се смета исто како и за националниот кога зборуваме за национален идентитет ние всушност зборуваме за етнички идентитет главно не ја правиме разликата.
Виолета Петровска Бешка во рамки на Граѓанскиот форум за учество во креирање на владините политики: Петровска – Бешка: Национализмот и идентитетската припадност