• Latest
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

Ако не наидеме на слух и разбирање од Министерството за здравство, најверојатно ќе излеземе на протести на 21 јули, на жешкото време исто како во 2023 година, меѓутоа овојпат ќе биде уште пожестоко и помасовно пред Владата на Република Северна Македонија, истакна Велев.

July 7, 2025 13:03
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter
Секоја година се соочуваме со недостаток на инсулин, односно дел од пациентите со денови не примаат терапија бидејќи административно некој сака да си поигруваат со нашите судбини. Нема да дозволиме Комисијата за дијабетис да изграва Господ, односно 5 луѓе да одлучуваат за тоа каква терапија треба да прима пациентот. Личниот докторот е тој што ве прегледува, ви ја знае дијагнозата и ви препишува терапија, така е во цел свет. Не може членови во Комисијата да ја оспоруваат терапијата на нивните професори / ментори. Ако не наидеме на слух и разбирање од Министерството за здравство, најверојатно ќе излеземе на протести на 21 јули, на жешкото време исто како во 2023 година, меѓутоа овојпат ќе биде уште пожестоко и помасовно пред Владата на Република Северна Македонија, вели Димче Велев, Претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, во разговор за ЦИВИЛ Медиа.

Во продолжение ви го пренесуваме вчерашното соопштение:

Тендерот за набвака на инсулинска терапија е завршен и договорите се потпишани пред речиси два месеци. Во овој момент немаме достапни количини за ново поставени пациенти на современата антидијабетична терапија. Се чуствуваме целосно излажани и изиргани, реагираат од Сојузот на здруженија на дијабетчари во Македонија, кои доцна синоќа испратија писмо до медиумите.

„Количините на инсулинските производи по инсулинсиките аптеки се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти. Кога сме кај постоечките пациенти, од некој од докторите ендокринолози кои работат во центрите за дијабетес, до нас, како сојуз, стасаа информации дека Комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на постоечката терапија. Им било наведено дека на сите постоечки пациенти со современа терапија, истата ќе им биде ревидирана. Дали оваа ревизија значи дека ако комисијата одлучи дека некој пациент не треба да биде повеќе на терапија што му ја одредил неговиот матичен ендокринолог ќе биде сменет, односно префрлен на друга терапија?, прашуваат во Сојузот.

Оттаму се револтирани и поради тоа што критериумите за избор на ленти, ланцети, глукометри и сензори се сведуваат на најниска понудена цена.

„За ниту една друга болест за ниту една друга терапија не постои комисија која е влезена во закон (овде ги исклучуваме ретките болести) и на ваков начин ние како пациенти сме обесправени во однос на сите други пациенти, се прашувате зошто? Затоа што прво треба да бидеме прегледани од нашите матични ендокринолози па потоа да одиме на преглед кај комисијата / или да чекаме комисијата да ни ја евалуира документацијата за одредени современа терапија. На ваков начин ние се чуствуваме како пациенти/граѓани од втор ред. Министеру за здравство, апелираме на разбирање и свесност од ваша страна за да не бидеме ставени како потенцијални заложници на нечии лични амбици и лични убедувања. Никој од нас 40.000 пациенти не е поставен на терапија ако немало медицинска потреба за истата и ниту една терапија не е препишана од доктор кој не е обучен да ја дава терапијата што ни е потребна. Итно бараме промена на законските ингеренции на националната комисија за дијабетес затоа што моменталните се поставени над нашиот систем за здравствена заштита и се во директна колизија со стручните момпетенции на лекарите кои веќе се овластени да препишуваат терапија која ни е потребна на нас пациентите со дијабетес, а кои не се членови на комисијата“, наведено е во писмото од дијабетичарите.

Оттаму итно бараат новите количини од современата терапија да бидат испорачани до инсулиниските аптеки, а системот да биде одблокиран за да се иницираат нови пациенти.

„Итно бараме распишување на тендерот за глукометри, ленти, ланцети и сензори согласно критериумите кои ќе бидат прифатливи од нас пациентите. Апелираме и спремни сме за ревизија, но да се направи ревизија на 2015, 2014 година, кога исто така комисијата за дијабетес во тоа време, замислете со ист член кој сега е претседател, даде амин за паралелен увоз, даваше инструкции за административно префрлување на пациенти од една на друга терапија и придонесуваше да се влоши здравјето на нашите пациенти и ние тоа како пациенти не можеме да го заборавиме“, се вели во реакцијата.

Ако овој апел не се земе предвид од надлежното министерство, Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе организира протест пред Министерсво за здравство и пред Владата.

„Повеќе нема да прифатиме само ние пациентите со дијабетес да бидеме третирани како пациенти на кои се троши најмногу пари, како пациенти на кои треба да им се скратат веќе стекнатите права, како пациенти кои биле лечени од некои нестручни лекари па сега нашата терапија треба да биде ревидирана од комисија, како пациенти на кои треба да им се дадат најефитините глукометри. Не профаќаме некој да не стави во позиција да бидеме граѓани од втор ред“, се додава во писмото.

Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ