• Latest

(ВИДЕО) Дволичност или искреност? Руската дипломатија со двојни аршини храни единствено национализми

January 15, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

(ВИДЕО) Дволичност или искреност? Руската дипломатија со двојни аршини храни единствено национализми

January 15, 2023 22:24
in ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Двојните аршини на руската дипломатија постојано се покажуваат во практика. Во обид да се додвори на домашната јавност во Македонија, руската амбасада во земјава не пропушта на социјалните мрежи да честита одбележување на ден на национален херој или пак значајна личност од историјата.

Но, се наметнува прашањето дали овие честитки се дволични или искрени и каква е нивната вистинска намера. Воедно, се поставува и дилемата каква е официјалната руска позиција и гледиште за значајни настани од минатото.

Па така, амбасадата на Руската федерација во Скопје на македонскиот народ му ја честиташе 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во написот тие наведоа дека тој е народен херој кој станал симбол на ослободителната борба во Македонија и им честитаат на сите кои ги споделуваат неговите идеали.

Безмалку истовремено, руската амбасада во Софија ја чествуваше 190-годишнината од раѓањето на рускиот дипломат Николај Игнатиев, по кого е именуван и плоштад во бугарскиот главен град. Токму Игнатиев, по руската победа над Османлиите во 1878 година, го потпишува Санстефанскиот договор, кој е поразителен за Македонија. Со Договорот, всушност е воспоставена Санстефанска Бугарија како независна држава и во нејзини рамки влегуваат делови од Македонија, сосема спротивно од идеалите за обединетост и независност за кои се бореше Делчев.

Уште појасен пример за дволичноста на руската дипломатија, особено во односите Скопје-Софија, е честитката за Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. На 24-ти мај, ден кој се празнува и кај нас, но и во Бугарија, руската амбасада не ја пропушти приликата да се обрати до јавноста.

Во Скопје, амбасадата на Русија го честиташе празникот на твитер, каде беше додаден цитат од рускиот претседател Владимир Путин, кој гласи: „Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја“. Сепак, на само четиристотини километри од Скопје, во Софија, тамошната руска амбасадорка Елеонора Митрофанова го честиташе празникот на светите браќа, како Ден на бугарската азбука. Таа додаде дека без сомнение улогата на Бугарија во распространувањето на словенската писменост, јазик и култура била бесценета.

Овие примери јасно укажуваат дека Кремљ ја адаптира својата позиција „по потреба“, хранејќи ги и македонскиот и бугарскиот национализам. Москва со ваквите потези јасно ја отвора вратата за сомнежи во искреноста на намерата, но уште повеќе зачудува што игра на националистичка карта во обид да се додвори.

Руската дипломатија, со својата долгогодишна историја и искуство, јасно знае дека национализмот води единствено до конфликти и насилство.

портал.мк


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: двојни аршинидволичностнационализамруска дипломатија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ