Би сакал да направам една дистинкција помеѓу национализмот и патриотизмот. Не се штетни по општеството, бидејќи би требало да служат за подобрување на општеството. Но, бидејќи кај нас во моментот се преминува во екстремен национализам, ултранационализам, тогаш се прави штета. Тоа е бидејќи тие групи имаат потреба да докажат дека се над другите етнички групи, едноставно да покажат дека се најдобрите и најсупериорните над другите етнички групи. Кога има еден извор е полесно да се справи со тој проблем, но има повеќе чинители на овој ризичен национализам. Треба во образованието да се прави дистинкција и на учениците да им се објаснува кои се придобивките од национализмот, и кои се штетите од ултранационализмот.
Фари Хисени, учество во панел дисуксија „Национализам и младите“: Екстремниот национализам е штетен и закана за општеството