Пожарот што избувна утрово во трговскиот центар Ист Гејт е изгаснат. Според првичните информации пожарот избувнал во вентилацијата во еден од рестораните.
Како што јави утрово известувачот на ЦИВИЛ Медиа кој беше во објектот за време на настанот, по избувнувањето на пожарот, во трговскиот центар се вклучиле алармите од продавниците, а вработени и посетителите биле евакуирани од молот.
Според нашиот известувач,во прво време обезбедувањето немало точни информации што се случува, велејчи им на посетителите дека се работи за тестирање на алармите. Набрзо потоа, посетителите и вработени биле навреме и без паника евакуирани од објектот, и пред влезот чекале да влезат внатре.
Од противпожарната бригада на Град Скопје велат дека по пријават, пет возила со 15 пожарникари се упатиле на местото и веќе го локализирале пожарот. Тој избувнал во вентилација на еден од грил-рестораните, на третиот кат во „Ист Геит Мол“.
Во пожарот нема загинати или повредени граѓани, но направена е материјална штета, велат од противпожарната бригада.
Според последните информации трговскиот Центар Ист Гејт Мол по 13 часот продолжи со работа.
М. Д.