Министерката за образование и наука, Весна Јаневска за време на денешната посета на Штип во изјава за медиумите го употреби уставното име на државата – Република Северна Македонија. Министерката во обраќањето пред новинарите, најпрво кажа „Република Македонија“ , по што се извини и го употреби уставното име.
Се извинувам Северна Македонија 🤡🤡🤡🤡🤡🤡 pic.twitter.com/b5mApyvxOm
— wazza🪃 (@riderX87) August 23, 2024
Министерката Јаневска покажа ретко видена доблест, особено кога се работи за претставник на владејачката ВМРО – ДПМНЕ, кај кои во предизборието еден од главните наративи за привлекување гласачи беше тоа дека кога ќе дојдат на власт че го сменат Преспанскиот договор и ќе го вратат во употреба старото име на државата, Република Македонија , и долго време избегнуваа да го користат сегашното уставно име, Република Северна Македонија.
Очигледно, нешто се променило во меѓувреме.
Драган Мишев