Повеќе од 80 луѓе беа убиени во североисточниот дел на земјата во текот на викендот по неуспешните обиди на владата да одржи мировни преговори со Националната ослободителна армија, изјави колумбиски официјален претставник, пренесува Си-ен-ен.
Дваесет други беа повредени во насилството што принуди илјадници да избегаат додека војската на Колумбија се обидуваше да ги евакуира луѓето во неделата, според Вилијам Виламизар, гувернер на Северен Сантандер, каде што се случија многу од убиствата.
Меѓу жртвите е и водачот на заедницата Кармело Гереро и седум лица кои се обидоа да потпишат мировен договор, според извештајот што агенцијата на владиниот правобранител го објави доцна во саботата.
Официјални лица рекоа дека нападите се случиле во неколку градови лоцирани во регионот Кататумбо во близина на границата со Венецуела, при што биле киднапирани најмалку три лица кои биле дел од мировните преговори.
Илјадници луѓе бегаат од областа, а некои се кријат во блиските бујни планини или бараат помош во владините засолништа.
Подготви: Д. Мишев