Демонстрант облечен како најпопуларниот лик од цртаната серија Покемон, Пикачу, стана вирален на социјалните мрежи откако беше споделено видео кое го прикажа како учествува на антивладините протести во Турција.
Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, вклучително и на Х на Маск. Еден корисник на X напиша: „Сега Ердоган знае дека е во неволја“.
Друг додаде: „Не може да биде ништо поурнебесно од ова со оваа позадина. Исто така, чудно симпатично, но во хаотична ситуација“.
Еден корисник напиша: „Дури и „нелуѓето“ го мразат Ердоган“
Поединецот облечен во Пикачу беше забележан како трча заедно со другите демонстранти кои излегоа на улиците во пркос на актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговите неодамнешни политички одлуки.
Piiii kaaaccccc hhhuuuuuuu🥰🥰🥰✊✊✊ pic.twitter.com/6O0ooZMYV4
— Karadeniz Sefiri (@KaradenizSefiri) March 27, 2025
Во Турција избија протести по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу на 19 март, кој е главен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Градоначалникот на Истанбул се очекуваше да се кандидира за претседателските избори во Турција во 2028 година.
Драган Мишев