Кулминација на раздорот во руските вооружени сили. Во своето последно видео обраќање преку социјалните мрежи, адресирано до рускиот министер за одбрана Шојгу и началникот на вооружените сили Герасимов , шефот на Вагнер, Евгени Пригожин ги загуби нервите.
Стоејќи покрај десетици тела на убиени платеници – припадници на Вагнер, Пригожин ги обвини Шојгу и Герасимов за смртта на неговите соборци поради не испраќањето на муниција за неговата платеничка организација која трпи огромни загуби во битката за Бахмут.
Ова се нечии татковци и нечии синови…и вие олоши што не ни испраќате муниција..Ние сме во пеколот…имаме недостиг на муниција! 70 проценти!… „Шојгу, Герасимов, каде се е..ната муниција! вреска разбеснетиот Пригошин.
Тој не бира зборови со кои ѝ се обраќа на руската елита.
„Погледнете ги, кучки! …седите во скапи клубови … вашите деца прават видеа на YouTube … мислите дека имате право да располагате со нивните [борци на Вагнер] … тие дојдоа овде како доброволци и умреа за да можете да се преплавите вашите канцеларии“, обвинува Пригожин додека му излегува пена од устата.
Wagner PMC’s Prigozhin has lost it. Hard not to interpret this as a declaration of war against Russia’s Defence Minister Shoigu and Armed Forces Chief Gerasimov. Yesterday, Wind of Change mentioned that FSB resources are being diverted to prevent a coup. pic.twitter.com/MvMs3el5YG
— Igor Sushko (@igorsushko) May 4, 2023
Тешко е да не се протолкува ова како објава на војна против рускиот министер за одбрана Шојгу и началникот на вооружените сили Герасимов. Нетрпеливоста помеѓу Пригожин и високите претставници во руското МО трае веќе подолго време, а се чини дека ова е килминација на обвинувањата на Пригожин кон руското воено раководство кое го посочува како неспособно и директно одговорно за неуспесите на бојноито поле, особено за неуспехот да се освои Бахмут.
Во видеото, газдата на платеничката армија се закани дека ќе ги повлече своите војници од украинскиот град Бахмут до среда. Пригожин кажа дека неговите сили се согласиле да останат во Бахмут до 10 мај за да и овозможат на Русија да го одбележи Денот на победата во вторник.
Evgeniy Prigozhin declares in a video that he will be ordering the withdrawal of Wagner mercenaries from Bakhmut due to an acute shortage of ammunition allegedly ordered by the Russian General Staff. He says Wagner will stay in the city until 9 May to avoid shame on this day. He… pic.twitter.com/zFooKfYXRP
— Dmitri (@wartranslated) May 5, 2023
Според непрофитна тинк-тенк истражувачката група „Wind of Change“ ресурсите на ФСБ се пренасочуваат за да се спречи државен удар во Москва.
Драган Мишев