Додека разговараше за Иран со новинари во авионот „Ер Форс Уан“, претседателот Доналд Трамп откри дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил да му понуди помош за ситуацијата во Иран, пренесува Си-ен-ен.
„Како што знаете, Владимир ми се јави. Рече, можам ли да ви помогнам со Иран? Јас реков, „не, не ми треба помош со Иран. Ми треба помош со вас“. И се надевам дека ќе постигнеме договор со Русија, што е штета. Шест илјади војници загинаа минатата недела“, им рече Трамп на новинарите додека се упатуваше кон самитот на НАТО, на кој се очекува американскиот лидер да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Трамп додаде дека би сакал „да види договор со Русија“, која неодамна започна нова летна офанзива против Украина, игнорирајќи ги повиците на Кијив и неговите западни партнери за безусловно прекин на огнот.
Ова е втор пат во рок од една недала како Трамп ја одбива понудата на Путин за помош во решавање на израелско-иранскиот конфликт, и наместо тоа бара од него да посредува прво со Русија, мислејќи на ставање крај на руската војна во Украина, според објавата на ЦивилМедиа од 19 јуни..
„Разговарав со него вчера и, знаете, тој всушност понуди да помогне во посредувањето. Реков, направи ми услуга. Посредувај сам“, им рече Трамп на новинарите. „Ајде прво да посредуваме со Русија, во ред? Реков, Владимир, ајде прво да посредуваме со Русија. Можеш да се грижиш за ова подоцна.“
Русија ги продлабочи воените и политичките врски со Техеран за време на целосната инвазија на Украина.
Иран ѝ испорача на Москва илјадници беспилотни летала „Шахед“ што се користат во рутинските напади врз украинските градови.
Русија и Иран соработуваа за да развијат свои нуклеарни програми, бидејќи двете земји се соочуваат со санкции од Западот. Русија му ја испорача на Иран првата нуклеарна централа на Блискиот Исток и покрај противењата од Западот.
Д. Мишев