Заедно со министерката за култура постојано сме во комуникација и сметам дека тие последни дванаесет – тринаесет години каде што се обидуваа да воспостават механизми на присилно, да кажеме, индоктринирање на учениците со одредени содржини, за да се зајакне нивната националистичка побуда и став, беа погрешни, и создадоа нешто коешто денеска го гледаме, а тоа е поделба помеѓу граѓаните на многу нивоа, не само по етничка основа. Се делат по партиска основа, потоа, дали живеат во град или во рурално место, и таа тензија може да се намали само со прикажување на позитивни концепти на тоа дека почитувањето на другата култура, почитувањето и учењето за другата култура, или етничка заедница, или друга возраст, или место на живеење, може да не направи посилни, како држава. И дека тоа ни додава вредност, не ни ја одзема вредноста.
И мислам дека низ курикулите, низ наставните содржини, низ дебати што треба да се случуваат, заедно со министерката за култура, ќе успееме да создадеме чувство кај сите граѓани дека припаѓаме на една држава и дека ние, сите заедно треба да се грижиме оваа држава да биде што поквалитетна, и да создава што поквалитетно кадри понатаму.
Мила Царовска во интервјуто за иницијативата „Обединети во различноста“: Кога истакнуваме различности, да ги истакнуваме како позитивни вредности
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.