Во денешното издание на ЦИВИЛ во живо, во 13:15 часот, стана збор за општествената одговорност на уметниците и интелектуалците. Во овој прилог, скратена Јутуб верзија од прилогот.
Општествената одговорност на уметниците во едно општество е голема. Нивната улога може да има пресудно значење. Уметниците и интелектуалците се на почетокот и на крајот на секој општествен процес, во мир и во војна, во добро и во зло. Уметниците можат да предизвикаат позитивни промени, но можат и да поведат маси во крвопролевања, војни и братоубиствени конфликти…
Прилогот беше дел од панел дискусијата на тема „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“ (21 мај 2021) на која учествуваа актерот Перо Арсовски и музичките уметници Дуња Иванова, Кристина Арнаудова и Агим Пошка.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети