• Latest

Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

February 5, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Вили изградени со европски пари – словачкиот премиер Фицо во средиштето на скандалот

Аферата „Хациенда“, која ја потресува Словачка го алармира и Брисел, бидејќи во прашање се пари на Унијата. Како и повеќето суверенисти и Фицо е наклонет само кон парите на заедниците во кои опстојува а истите се користат за трансфер во приватни раце. А на изборите победува „штедејќи“ ги  парите дадени во обратна насока

February 5, 2026 13:12
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Десетици приватни вили, блиски до владејачката екипа во Словачка, биле финансирани со европски средства, започнат како поддршка на политиката на одржлив туризам во руралните средини. Таканаречениот скандал „Хациенда“ во мигот ја става Братислава под притисок.

„Вака изгледа корупцијата во Словачка“ – коментира германскиот европратеник Даниел Фројнд од Зелената партија по повод откритијата, наречени од словачките медиуми „афера Хациенда“. Во својата видео објава на социјалните мрежи, тој рече дека таканаречените пансиони, наменети за одмор на туристи, финансирани со пари од ЕК, станале приватни вили на лица блиски на премиерот. Десетици вакви вили никнале низ цела Словачка, рече тој.

Еден од овие имоти е „Вила Амонра“ – веќе што требал да биде туристички објект во предградието на Братислава. Но, таму нема рецепција, но има базен во градината, скриен зад висока ограда. Луксузниот имот име е фактички приватна сопственост на  претприемач на зафатите со вилите, инаку вклучен на листата на локалните избори како кандидат од партијата на премиерот Роберт Фицо, пишува германскиот јавен медиум АРД.

Корисниците се поврзани со Фицо

Близу 200.000 евра од Брисел отишле во споменатиот објект. Во замена за ова, куќата требало да сместуваат гости најмалку пет години, објаснува Ксенија Макарова од словачката фондација „Сопрете ја корупцијата“. Сепак, според нејзините анализи, „Вила Амонра“ никогаш не била изнајмена од гости, што го потврдуваат и локалните жители. Сопственикот не плаќал ниту туристичката такса.

КСЕНИЈА МАКАРОВА Активистка која доследно се бори против корупцијата, но и за одбрана на новинарските слободи (фото извор: ФБ профил на Ксенија Макарова)

„Праксата покажува дека средствата, кои всушност биле наменети за промоција на туризмот во руралните средини, всушност отидоа за изградба на едносемејни куќи и вили за приватни лица. И многу често овие корисници се поврзани со владејачката партија „Смер“ и Роберт Фицо“, рекла Макарова, цитирана од АРД.

Фондацијата за борба против корупцијата поднесе жалби во Словачка и Брисел. Како резултат на тоа, во средината на јануари, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) отвори истрага во Словачка, а случајот го презеде и Европското јавно обвинителство.

Околу половина од вилите под истрага

Програмата за поттикнување на руралниот туризам започна пред десет години, кога земјата ја водеше тогашниот националист Роберт Фицо. Денес тој е повторно на власт. Во тој период, околу 150 „пансиони“ биле искористени од програмата. Околу половина од нив моментално се истражуваат, истакнува и ARD, повикувајќи се на информации во словачките медиуми.

Министерот за земјоделство, Рихард Такач, од партијата на Фицо, зборува за изолирани случаи: „Секогаш има црни овци. Секако, треба да формулираме упатства со цел да се минимизира можноста за злоупотреба. Работиме на ова прашање“, уверува тој.

Луѓето од Унијата ја плаќаат корупцијата

Сепак, Зузана Шубова тврди дека аферата „Хациенда“ е дел од долгорочна организирана измама со пари од ЕК. Со години таа го следела одделот за борба против корупцијата на агенцијата што дистрибуира европски земјоделски субвенции во Словачка.

БРИСЕЛ ОТВОРА ПОСТАПКА Зузана Шубова даде изјава во Европскиот
парламент – лусузните вили се градени со европски пари

„Секој граѓанин на ЕУ ги финансира луксузните вили на корумпирани политичари и претприемачи. Германија плаќа најмногу во буџетот на ЕУ. Следствено, Германците најмногу придонесуваат за субвенционираните имиња на олигарсите во Словачка“, рече Шубова.

Таа се надева дека ЕК ќе изврши притисок и ќе ја замрзне финансиската помош, бидејќи истрагите во Словачка често пати не даваат резултати, а за жал, кога кон оние кои се обидуваат да ја откријат вистината, често се користат мерки за заплашување.

НЕ БАШ ОБИЧЕН ЛУКСУЗ Ова е надворешен изглед на вилата Амонра, која, наместо мал хотел, станала – приватна сопственост (Фото: Скриншот од www.spravy.stvr.sk)

Шубова била често приведувана: непосредно пред сослушувањето и во Брисел, истражителите во Братислава вршеле истрага на нејзиниот стан, без да откријат ништо лошо. ARD појаснува дека активистката не се плаши од конкретни мерки против неа.

Роберт Фицо (60) како млад бил член на Комунистичката партија на Словачка, која после транзицијата прифатила социјалдемократска програма. Станал премиер од 2006 до 2010, па потоа и од 2012 до 2018 година. на власт се врати во 2023. Важи за популистички премиер кој има најдолг премиерски стаж во историјата на Словачка. Голем одек имаше еден настан во кој за малку ќе настрадаше – на 15 мај 2024 беше ранет „при обид за атентат“, по еден политички митинг.

Тој и неговата партија Смер (Насока), која ја основа во 1999 година, најчесто ја опишуваат како леви популисти, иако го споредуваат и со десничарски политичари како унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан. Секако дека се дел од едно посебно крило во рамки на Унијата ама и во НАТО, чии проруски ставови се видливи од Месечината. Заедно со Орбан работат на тоа да добиваат руска нафта а воедно и ја прекинуваат помошта за Украина.

Инаку неговата кариера е повеќе од контроверзна – Фицо работел во словачкото Министерство за правда. Од 1994 година ја претставувал Словачка пред Европската комисија за човекови права, а потоа и пред Европскиот суд за човекови права. Но кога беше осомничен за убиство на новинарот Јан Куцијак предизвика големо внимание и сигурно веќе за него не можеше да се зборува како за било каков приврзаник на човековите права. Убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Кушнирова кон крајот на февруари 2018 година конечно го принуди да се повлече од премиерската функција. Куцијак се обидел да ги открие активностите на италијанската мафија во источна Словачка. По неговото истражување се појавиле сомнежи за поврзаноста на мафијата со државните структури.

Убиството предизвика серија демонстрации низ Словачка, каде граѓаните побараа политичка одговорност од кабинетот на Фицо. Словаците кои живеат во странство исто така демонстрираа, вклучително и во Прага. Покрај демонстрантите, оставка од Фицо побара и словачката опозиција, а на промена на власта повика и тогашниот претседател Андреј Киска.

Но, тој неколку недели ги одбиваше овие повици иту оставката на неговиот најблизок соработник Роберт Калињак од функцијата министер за внатрешни работи не му помогна да остане на премиерската функција.

На 14 март 2018 година Фицо даде оставка. Сепак, тој одби да распише нови избори, а наместо тоа побара постојната коалиција да продолжи да владее до регуларни избори. Следниот ден, претседателот Киска го назначи Петр Пелегрини, вториот најмоќен член на Смер, за премиер.

Фицо за време на пандемијата

Фицо како и сите денешни контроверзни политичари својата вистинска природа ја покажал и за време на пандемијата на корона вирусот, Фицо тогаш остро се спротивстави на вакцинацијата, која ја нарече фармацевтска измислица. Тој исто така одбил да носи маска за лице и користел пластичен штит. Во тоа време тој веќе отворено покажува антизападна политичка определба што ја покажал во текот на организираните протести против мерките за борба со ковидот.

Неговиот став кон смртоносниот вирус се базираше на негова тривијализација (како што правеше Трамп во првиот мандат или да речеме во стартот на епидемијата српскиот претседател Вучиќ). Поради тоа, словачките членови на Европскиот парламент жестоко го критикуваа. Таа негова леснотија стана депласирана кога се откри дека тој бил заразен од вирусот додека бил на одмор на Крит. Дури и се онесвестил и бил хоспитализиран.

Полицијата инаку го има приведено Фицо поради кршење на правилата за карантин и забрана за собири со организирање на антивладин протест во Братислава. По неколку часа бил пуштен, а полицијата подоцна се откажала од потера (!).

Меѓутоа, во 2022 година повторно беше обвинет, овој пат за основање криминална група. Обвинението треба да се однесува на случајот Чистилиште, односно за користење на полицијата од група околу бизнисменот Норберт Бедор, при што се поврзувала и негова помош,

На крајот на 2020 година, полицијата уапсила поранешни високи полициски функционери а по две години истрага, на крајот на 2022 година обвинителството се откажа од гонењето на Фицо.

Откако мина 5 години на власт Фици победи на изборите со ветување дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина во борбата против руската инвазија, тврдејќи дека НАТО и САД ја испровоцирале Москва да ја започне војната. Неговата влада веднаш ја прекина испораката на оружје за Украина.

Враќањето на Фицо на власт предизвика загриженост кај неговите критичари дека тој и неговата партија – долго време потресена од скандали – ќе ја оддалечат Словачка од нејзиниот прозападен курс.

Тој вети дека ќе води „суверена“ надворешна политика, зазеде остар став против миграцијата и невладините организации и води кампања против правата на ЛГБТ. Воедно презеде мерки – одново – за остра контрола на медиумите во неговата земја.

И сега се покажува дека сите тие „суверенисти“ во Унијата и НАТО гледаат само извори на користење на средства кои служат за богатење на врвот на власта.

ЦИВИЛ МЕДИА

Tags: ЕУКорупцијаРоберт ФицоСловачка
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ