• Latest

„Виртуелни модринки“ – кампања за справување со родово-базираното насилство

June 6, 2021
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

„Виртуелни модринки“ – кампања за справување со родово-базираното насилство

June 6, 2021 09:35
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Невладината организација Иницијатива за граѓански интеграции-ИГИ Гостивар започна со проект чија цел е справување со родово-базираното насилство. Активностите ги започнаа со презентирање на анализа за случајот „Јавна соба“ за кој како што беше кажано на прес конференцијата сè уште нема судска разрешница.

Одговорните за проектот напоменаа дека експертски тим изготвил анализа за случајот „јавна соба“ дадени се предлог препораки за надлежните институции.

– Во случајот јавна соба, постои бруталното изживување врз достоинството на млади девојки и жени со злоупотреба на нивни приватни фотографии. Ова е сериозно социјално и кривично однесување кое остава простор за појава на нови вакви или слични групи и создавање на нови жртви, рече Маја Христовска координатор проектот.

Во анализата стои дека по подигнатото обвинение за Јавна соба 1, како и начинот на кој се води предистражната постапка за Јавна соба 2, експертите констатирале дека нашето законодавство не нуди правна заштита на жртвите. Од друга страна, пак неказнувањето ги храбри сексуалните предатори да раководат и членуваат во групи од типот на јавна соба.

Здружението бара од надлежните институции да вложат напори за промена на кривичното законодавство за да се казнуваат злоупотребите од ваков вид.

– Кривичниот законик на нашата земја ги санкционира само кривичните дела кога се злоупотребуваат слики на малолетници, додека пак злоупотребата на приватни фотографии на полнолетни девојки и жени останува незаштитена во сивата зона на порнографијата, подвлече Христовска.

Во рамките на проектот „Виртуелни модринки“, од денес започна и кампања чија цел е да се прекине молкот и овозможи помасовно вклучување на јавноста во процесот за справување со родово базираното насилство. На прес конференцијата беше промовирано и видео за кампањата. https://www.youtube.com/watch?v=e5eXn5EHIHc

Од ИГИ најавија дека наскоро ќе биде ставена во функција мобилна апликација која ќе овозможи пријавување на семејно насилство во локална полициска станица, преку еден клик.

– Апликацијата ќе биде дизајнирана да овозможи брза реакција од институциите во случај на пријава. Таа ќе содржи едукативни и информативни содржини, вклучувајќи информации за правата на жртвите, практични совети за заштита, како и целиот протокол за делување по основ на родово базирано насилство, рече Анета Филипоска извршниот директор на здружението ИГИ,

Проектот „Виртуелни модринки“ е финансиран од УАФ (урегентен акциски фонд за заштита на правата на жените) Калифорнија, САД и се спроведува на територијата на целата држава.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ