• Latest
Војо Маневски

Без демократизација на партиите нема реформа во правосудството

November 27, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Без демократизација на партиите нема реформа во правосудството

November 27, 2025 14:18
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Правдата е идеал кон кој се стреми човештвото од неговиот постанок. Праведен поредок е општество кои сеуште е недостижно за мнозинството негови членови. Правната држава е единствено засега достижно за граѓаните но само доколку од поданици станат граѓани на државата.

Логичен след е дека ова и не ѐ некаква длабока мисла. Навидум изгледа и достижно но засега далечно за скоро сите држави кои произлегоа од еден идеолошки и организациски систем каде единството на власта значеше диктатура на оние што за себе велеа дека се авангарда . Парадоксално што токму таа авангарда беше брана за популистичко владеење на широките маси чии интереси се до нивото на средна класа со сигурна плата и решение на станбеното прашање. Кога ќе дојдат до можност за влијание, поголемо од нивниот капацитет, системот или се распаѓа или доаѓа во раце на некој бескрупулозен диктатор.

Ние денес имаме последици од таквата идеолошка и државна организираност на заедницата. Само наместо една „авангарда“ сега имаме повеќе такви гарнитури кои се сменуваат на кормилото на државата. Се разликуваат само во елаборацијата на сопствената положба и влијанието врз сите сегменти на заедницата и раководење со сите делови на државниот апарат. Се разликуваат и според социолошката основа на нивното гласачко тело, но интенцијата да владеат како и партијата од минатиот политички систем е заедничка карактеристика на сите партии.

Денешните партии не дозволуваат државниот систем да функционира на демократски начин, каде во основа е поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Не дозволуваат зошто самото нивно поимање на ВЛАСТА е негација на нејзината демократска поделба.

Сите досегашни реформи заглавуваат во овој лавиринт. Дури и кога се наметнати од надворешните пријатели, реформите бргу се прилагодуваат на нашето поимање на власт и функционирање на државата. Затоа и ја нервираме американската амбасадорка кога вели дека и покрај толку пари дадени за реформи во судството нема задоволителни резултати.

Тешко ѝ е на амбасадорката да разбере дека кај нас формата и содржината не се секогаш совпаѓаат. Таа ќе ни зададе форма и ќе треба да биде пополнета со соодветна содржина. Тие ни велат направете СУДСКИ СОВЕТ кој ќе биде врвен контролор на состојбите во судскиот систем, ние го пополнуваме не со стручни и високо одговорни членови, туку со партиски експоненти или што е најчесто со лица врз кои може да се има влијание. Резултатот е форма и содржина кои не се еднородни . Затоа тој орган не ги испорачува посакуваните резултати.

Се обидувам без многу  замаглување да ја посочам  средината на проблемот. Зошто не нѝ е потребна Европа ,реформи во судството и во сите сегменти на државната организација и заедница? Судејќи според резултатите од изборите, поданиците се плашат од промени а властодршците тој страв го иницираат и подржуваат затоа што не се сигурни каде ќе биде нивното место ако реформите успеат.

Значи врти сукај се враќаме на она што е почеток на сите проблеми. Политичките партии не се демократизираат внатре и затоа не испорачуваат демократски стандарди. Она што го немаш не можеш да го испорачаш нели? Симптоматично е дури и кога во врвот на партиите ќе се појават поединци или групи кои сакаат да ги направат нужните промени, како кај мајмуните на Фукојама бргу биваат свлекувани од позициите. Но штом сѐ вакви резултатите на изборите тогаш очигледно гласачите сакаат таков тип на владеење. Како во поговорката: Ниту рај видело ниту за рај плаче.

Што е нужно чекајќи да порасне свеста кај граѓаните за сопствената улога? Она што е единствено можно. Интелектуалниот столб на секоја заедница мора да бара и притиска секаде каде што може да се почне со донесување на закони за нужна демократизација на партиите. Знам дека ќе се спротивстават оние што ќе мудруваат дека тоа е мешање во слободата на здружување на граѓаните. Слободата е идеал кој најмногу во историјата бил излажан и силуван од оние што на нејзините крила се докопале до власт. Затоа мора да постојат правила кои ќе бидат брана за разните љубители на неограничена власт. Народот мора да се учи и воспитува и тоа е услов за воспоставување на вредностите кои сакаме да доминираат во заедницата. Знам дека мнозина мислат дека ова е нарушување на слободата на поединецот. Нашиот народ е запуштен за овие триесет години. Ниту сака правила ниту е спремен да ги почитува. Почитува само моќ и сила. Затоа низ партиските структури гледа да се добере до власт или да се залепи до некој што има власт.

Реформите во правосудниот систем се нужни, но тие мора да бидат дел од целокупната реформа на општеството и државата. Од спремноста да се демократизираат партиите и да ги артикулираат реформските процеси ќе зависи и европската перспектива и опстанокот на државата.

За почеток на долгиот пат на промена на поданичката свест во граѓанска свест. Од робови на стравот и моќта во рамноправни чинители на општеството.

Долг е патот ама друга патека нема.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ