• Latest
Метро станица во Кијив, засолниште за цивилите од рускиот ракетен терор, 26 јануари 2023 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Меѓународната заедница издвојува над 22 милиони евра за изградба на засолништа во Украина

November 27, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Меѓународната заедница издвојува над 22 милиони евра за изградба на засолништа во Украина

November 27, 2025 19:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Метро станица во Кијив, засолниште за цивилите од рускиот ракетен терор, 26 јануари 2023 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Метро станица во Кијив, засолниште за цивилите од рускиот ракетен терор, 26 јануари 2023 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Share on FacebookShare on Twitter

На првата основачка средба на Civil Protection Shelter Coalition  при Министерството за внатрешни работи на Украина, што се одржа во Кијив, земјите-членки  најавија нови финансиски придонеси во вкупен износ од повеќе од 22 милиони евра за зајакнување на инфраструктурата за заштита на населението во Украина.

Иницијативата е заеднички проект на Украина и платформата Team Europe и има за цел да создаде современа, сигурна и достапна мрежа на засолништа низ целата држава, објави Укринформ.

Премиерката Јулија Свириденко истакна дека присуството на бројни меѓународни партнери во Кијив претставува силна поддршка за украинските напори да обезбедат безбедност за своите граѓани во услови на постојани воздушни напади. Таа нагласи дека коалицијата се фокусира на изградба на нови и реконструкција на постојни засолништа во училишта, детски градинки, болници и други јавни установи.

Финска, како лидер на коалицијата благодарение на нејзиното 80-годишно искуство во развивање системи на цивилна заштита, издвојува најголем придонес – 11 милиони евра. Шведска се приклучува со 7 милиони евра, Литванија и Белгија со по 2 милиони евра, а Ирска со 0,5 милиони евра. Швајцарија, пак, ја изрази својата намера да стане активен член во следните фази.

Меморандумот за соработка беше потпишан од високи претставници на Финска, Белгија, Литванија, Ирска и Шведска, како и од делегацијата на Европската унија и Европската инвестициска банка. ЕУ ќе го кофинансира проектот преку третата компонента на програмата Ukraine Facility, додека литванската Central Project Management Agency и белгискиот Enabel ќе бидат главни партнери во спроведувањето на европскиот дел од проектот.

Амбасадорката на ЕУ во Украина, Катерина Матернова, нагласи дека ова е само почеток на координираните напори да се обезбедат безбедни услови за населението и континуирано функционирање на клучните услуги, особено во медицинските установи.

Коалицијата е дел од Стратегијата за развој на украинскиот фонд на засолништа до 2034 година и ќе работи на повеќе фронтови – од поддршка на изградбата на засолништа со двојна намена, преку координација на донаторите, до развивање современи стандарди за пристапност и инклузивност.

Според најавата од финскиот премиер Петтерии Орпо, како лидер на Меѓународната коалиција за цивилна заштита, Финска ќе ја координира изградбата на 10.000 засолништа ширум Украина во следната деценија – амбициозна цел која ја нагласува долгорошната поддршка на меѓународната заедница, пренесе Уринформ. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ