поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
За Македонија, сепак, подобро е досегашните пратеници никогаш да не се вратат.
*
Сигурно многу поуспешна би била борбата против пандемијата, доколку и другите партии во земјата можеа и сакаа, како што тоа го направи ДУИ, предизборната кампања да ја претворат во движење и да ангажираат и повеќе од 10.000 партиски активисти кои се подготвени во било кое време и на секое населено место, да им помогнат на граѓаните што ќе имаат потреба за тоа.
*
ДУИ признава дека не ја разбира целта на иницијативата на СДСМ за свикување на Собранието, иако, за разлика од другите партии, има и свој институт и своја политичка школа.
*
Тие што од одамна се заразени од вирусот на криминалот и корупцијата, доколку ја изгубат власта и влијанието во судството, многу повеќе ќе се плашат отколку од вирусот КОВИД-19.
*
Надлежните државни органи, ако не е со нивно знаење, должни се да ги информираат граѓаните дали е дозволено, во време кога на сила се мерките за заштита од ширењето на пандемијата, активисти на било која партија, два дена спроти Рамазан, да посетат повеќе од 2000 семејства, само за да им кажат дека не се сами, како што вчера нѐ информира “лидерот” на една од нив.