• Latest

Вистината е можна само со одлучна и заедничка борба против дезинформациите

April 6, 2023

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистината е можна само со одлучна и заедничка борба против дезинформациите

April 6, 2023 10:24
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните кампањи и дезинформациите се модерни, неконвенционални методи на „војување“ со цел нарушување на довербата на граѓаните во системот, креирање страв и паника и обид за остварување на одредено политичко, безбедносно или економско влијание.

Со станувањето на членка на НАТО, Северна Македонија стана мета на ваквите хибридни напади, кои имаат цел да креираат недоверба меѓу граѓаните. Проблемот со дезинформациите во земјава зеде замав со референдумот за промена на уставното име, се засили со појавата на коронавирусот, а својата кулминација ја доживува по руската агресија врз Украина и т.н. француски предлог за почеток на преговорите на земјава со ЕУ.

Со цел справување со дезинформациите, Владата уште во 2019 усвои план за одлучна акција проитив ширење дезинформации и напади против демократијата со кој Владата ја засили сајбер безбедноста на институциите и започна да презема проактивни мерки за зголемување на активната транспарентност.

Индексот на активна транспарентност подготвен од Центарот за граѓански комуникации покажува дека активната транспарентност се зголемува во 98 следени институции на државно и локално ниво. Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто, што е раст од 10 процентни поени во однос на 2021 година.

Советникот за дигитални комуникации во канцеларијата на премиерот, Илија Жупановски на конференцијата „Дигитална трансформација за граѓаните“ организирана од Метаморфозис изјави дека дезинформациите имаат цел да предизвикаат недоверба на граѓаните во власта и во медиумите, како да рашират паника, како што беше случајот со лажните дојави за поставени бомби во училишта и во трговски центри.

„Пред неколку недели до Владата стигна иницијатива од група домашни организации со конкретни препораки за справување со дезинформациите и тоа владата го прифати како добра основа, па очекуваме наскоро да се седне заеднички на маса и ќе се креира национален план, за да се опфатат сите чинители во справувањето со овој проблем“ обелодени Жупаноски.

За потребата од зголемување на ИТ безбедноста и справувањето со дезинформациите преку олеснет пристап до јавните информации говореше и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Таа истакна дека Владата пред две недели усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството со кој ќе се подобри слободниот пристап до јавните информации, ќе се даде предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи, а дигиталниот потпис создаден со лична карта ќе биде еквивалентен со своерачниот потпис.

„Граѓаните и институциите во повеќе наврати веќе ја почувствуваа и опасноста од хибридните закани. Нема сомнеж дека во иднина ќе искрснуваат и предизвици кои не можеме ни да ги замислиме во моментов, а кои силно ќе влијаат врз социоекономските состојби и процеси. Затоа, немаме друг избор освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност. Бидејќи колку поуспешно се адаптираме на технолошките промени, толку повеќе ги јакнеме условите за развој и напредок на сите полиња”, заклучи вицепремиерката Грковска.

Со цел полесно справување со дезинформациите околу пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за Институтот за медиуми и аналитика – ИМА истакна дека важно е граѓаните да ги знаат фактите за тоа како секојдневниот живот ќе се промени на подобро кога државата ќе влезе во Европската Унија и дека што повеќе гласници има пристапниот процес, помал ќе биде просторот за дезинформации и манипулации.

„Не сме првата држава којашто се соочила со таа борба против дезинформациите во својот процес на пристапување кон Европската Унија. Но, за жал ние имаме и потешки прашања, коишто се врзани, нели, со идентитетот и со теми поврзани со нашиот Устав, нашиот правен систем и начинот на којшто функционира државата. И затоа толку е подложна на дезинформации, затоа е толку тешко да се бориме со тоа“ рече Маричиќ.

Тој кажа дека дека покрај напорите на Владата процесот да биде потранспарентен, потребна е и перманентна едукација на граѓанските организации, но и перманентна едукација на медиумите околу процесот на пристапување кон ЕУ.

За справување со сите видови на дезинформации потребна е поголема едукација на целото општество со цел дезинформациите полесно да се препознаваат, но и поголема одговорност од политичарите, за да не бидат токму тие кои се споделувачи и извори на дезинформации.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ