• Latest

Вистиномер: Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

November 11, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

November 11, 2021 10:17
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансирањето на приватните медиуми со јавни пари е сѐ уште изразен проблем во Северна Македонија и покрај тоа што по парламентарните избори во 2016 г. и формирањето на политичката коалиција што ја раководи земјата од 2017 година, беше договорено и ветувано таквата пракса да прекине. Ова, меѓу другото, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема, пишува Вистиномер.мк.

Минатата владејачка коалиција (2008-2016), во период од повеќе години, прелеваше значителни суми од буџетот во приватните медиуми, пред сѐ кај радиодифузерите, преку метод на директно владино финансирање, преку плаќање за емитување јавни кампањи за кои владата ќе оценеше дека треба да ги води. Сумата достигнуваше до 38 милиони евра, според владини извори, а само петте телевизии со концесија преку ограничен ресурс (терестријални), од 2010-2017 година, добиле 25 милиони евра од поранешната влада на Никoла Груевски.

Сегашната владејачка коалиција и најави и донесе заклучок дека Владата и локалните самоуправи не смеат да трошат пари за медиуми во смисла на политички реклами, и тоа уште во 2017 година, а потоа пристапи кон јасна намера за измени на членот 102 од ЗАВМУ, со кое такво нешто беше или требаше да биде исклучено.

Но, исто како што и претходната влада на Груевски во 2015 година стави мораториум на владиното рекламирање, но не го почитуваше, така и оваа влада го менува ставот. Најпрво дозволи јавни пари да завршуваат во приватни медиуми преку измени на изборното законодавство во 2018 година, преку што беше воведено платено политичко рекламирање (ППР), потоа во 2019 г., реши да се рекламира само на социјалните мрежи, како на пример „Фејсбук“, за во 2021 година неколкупати да предложи измени на член 102 од ЗАВМУ и да дозволи платени владини кампањи.

Во 2021 година може да се констатира дека јавни пари во приватни медиуми (o)стануваат (голем) проблем во Северна Македонија. Само од 2018 до 2021 година се потрошени десетина милиони евра буџетски пари во приватни медиуми, при што најголемиот дел од тоа се потрошени преку ППР, за време на Референдумот во 2018 г., претседателските избори во 2019 година и минатогодишните парламентарни избори. „Метаморфозис“ преку следење на овие состојби во рамките на своите проекти и медиумски платформи детално известуваше за овие процеси.

Ваквата пракса е констатирана и од експертите во фокус-групата за овој извештај. Тие се децидни дека Владата си го крши и својот заклучок од 2017 г. и желбата за промена на членот на ЗАВМУ 102 (кој самата Влада прифати да го предложи и да го вгради во законот), а дека преку ППР се руши и суштината за да се избегне заробувањето на слободните медиуми – состојба што беше констатирана и со првиот извештај на експертот на ЕУ, Рајнхард Прибе, во 2015 година.

За ваквата состојба на некој начин придонесуваат и самите радиодифузери. Тие се соочени со континуирано намалување на приходите од пазарот на реклами, кој од повеќе десетици милиони евра до пред некоја година, во 2020 година се намалил на околу 18 милиони евра (за радиодифузерите), според анализите на АВМУ.

Во Анализата на пазарот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги 2020 г., се наведува дека во целата телевизиска и радиоиндустрија во државата во посочената година, приходите од реклами на сите радиодифузери изнесувале 17.973.000 милиони евра, при што вкупната разликата меѓу приходите и трошоците бележи минус од околу 553.000 евра.

Според истиот извор, вo 2020 г., само во споредба со 2019 година, приходите со реклами биле намалени за 20,78 отсто. Но, дека не станува збор за лоша година поради или само поради пандемијата со ковид-19, зборува податокот дека од 2016 година се бележи континуиран пад на приходите на сите радиодифузери од над 47 милиони евра на 38,7 милиони евра во 2020 година.

Ова се одрази врз формални и неформални лобирања на претставниците на комерцијалните телевизии и радиостаници на централно, регионално и локално ниво до централната и локалната власт, за поддршка на финансиското работење преку одлевање јавни пари во медиумите по најразлична основа.

Освен ППР, забележително е што на регионално и локално ниво и единиците на локалната самоуправа одлеваат пари до регионалните и локалните медиуми под форма следење на работата на локалната самоуправа. Овие пари не се безначајни, имајќи ги предвид истражувањата што ги правеше ЗНМ, кои покажаа дека во период од само една година, само 43 од 80 општини што одговориле на прашањето, декларирале оти потрошиле најмалку 500.000 евра на локални и регионални медиуми под разни форми.

При согледувањето на целата ситуација треба да се има предвид и дека нема никаков податок колку за медиумите, под разни форми, вклучувајќи и реклами или кампањи, трошат јавните претпријатија, особено компании што имаат статус на акционерски друштва во државна сопственост или компаниите каде што учеството на државата во сопственоста е значително, како Македонски телеком, на пример.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ