• Latest

Вистиномер: Со фото од авион за гаснење пожар од 2009 г. се шири паника за наводно труење со смртоносен отров

October 19, 2020
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Со фото од авион за гаснење пожар од 2009 г. се шири паника за наводно труење со смртоносен отров

October 19, 2020 11:45
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Објава на Фејсбук панично дезинформира дека во државата повеќе од 20 години се случува смислено, планско труење на населението од воздух. Овој манипулативен пост, кој има 77 споделувања во моментот кога е пишуван текстот, тврди дека:

АВИОНИТЕ НЕ ПРСКААТ СО САРС – СМРТОНОСЕН БОЕН ОТРОВ !!!

БАЛКАНОТ ИМ Е ГЛАВЕН ФРОНТ.

ОВАА ТРАЕ ОД 1999 ГОДИНА И НИКОЈ ДОСЕГА НЕ ПРЕВЗЕМАЛ НИШТО.

За да се засили теоријата на заговор, како доказен материјал се прикажани и неколку фотографии од непознат извор, а на некои од нив се гледаат авиони кои наводно испуштат опасни воени отрови од атмосферата, коишто ги убиваат луѓето. Ова, се разбира, не е точно.

Фотографијата со авионот, кој испушта огромна бела трага, е стара повеќе од 11 години. Направена на аеродромот во Хан – Германија, на 24.07.2009 година на промоцијата на најголемиот авион за гаснење пожар во светот „Evergreen Supertanker“.

Ама, ете, во овој пост таа е (зло)употребена како крунски доказ дека: „АВИОНИТЕ НЕ ПРСКААТ СО САРС – СМРТОНОСЕН БОЕН ОТРОВ !!!“ . На страна што е смешно тврдењето дека „САРС“ е смртоносен воен отров?! Познато е дека САРС е тежок акутен респираторен синдром, вирусна респираторна болест препозната како глобална закана во март 2003 година, откако за првпат се појави во Јужна Кина во ноември 2002 година.

Инаку, фотографии кои, наводно, прикажуваат „кемтрејлс“ (Chemtrails), се пласираат многу често за промовирање на разни теории на заговор од типот дека странски фактори се здале против нас, здружени преку некоја тајна програма за распрскување отровни хемикалии во атмосферата со помош на авиони!

Ваквата конспирација е откриена повеќепати досега, меѓу другите од „Вистиномер“, потоа од српскиот сервис за проверка на факти, Istinomer.rs , како и чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz.

Фотографиите со буриња, кои наводно се полни со страшен смртоносен воен отров, всушност, се објавени во повеќе книги од шеесеттите и од деведесеттите години на минатиот век. Како што може да се види, овие буриња, воопшто не содржат никакви хемикалии, туку претставуваат симулација за патници на некои рани тест летови во втората половина на минатиот век.

Со разоткривањето на оваа заговорничка теза речиси една деценија се занимава британскиот истрaжувач Мик Вест (metabunk.org). Тој уште во јули 2012 година дебанкирал постови на Фејсбук кои шират фотографии што, наводно, покажуваат внатрешност на „кемтрејл авиони“. Но, според него, фактички станува збор за прототипи на летала опремени со резервоари за баласт, додека некои фотографии се од внатрешноста на авиони за гаснење пожар. Резервоарите за баласт се користат за симулирање на тежината на патниците при тестирањето на разни летечки својства на леталото, но не и како резервоари за прскање со цел нанесување голема директна штета на луѓето, пишува Вест.

Истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои, исто така, проучувале вакви заговорнички теории „не виделе ниту еден веродостоен доказ дека ‘кемтрејлс“ постои“.

Да ја споменеме и студијата  на „Форбс“, според која комисија од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата. 

ОВАА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР Е АКТУЕЛНА ОД ПОЈАВАТА НА ИНТЕРНЕТОТ. УШТЕ МОЖЕ ДА ПРОНАЈДЕТЕ БРОЈНИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ, КОИ ГО ПРОМОВИРААТ ОВОЈ ВИД НА ПСЕВДОНАУКА. НАШЕТО ИСТРАЖУВАЊЕ ПОКАЖА ДЕКА НАУЧНАТА ЗАЕДНИЦА НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ТВРДЕЊАТА ОТИ ВЛАДАТА, АРМИЈАТА, АВИОКОМПАНИИТЕ И ДРУГИ СУБЈЕКТИ СЕ ЗДРУЖИЛЕ ВО ШИРОКА МИСИЈА ДА ЈА ОТРУЈАТ ПЛАНЕТАТА СО ПРСКАЊЕ ПРЕКУ АВИОНИ, ВЕЛИ СТИВЕН ДЕЈВИС, ПРОФЕСОР И НАУЧНИК ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ИРВИН ВО КАЛИФОРНИЈА.

Според ова истражување, причината поради која трагите од авионите остануваат видливи е зашто тие летаат на поголеми височини отколку порано, што резултира со кондензациски траги, кои траат подолго време. Тоа што трагите од авионите се вкрстуваат е само и единствено доказ дека има зголемена фреквентност на авиосообраќајот, односно дека има многу повеќе авиони, кои учествуваат во авиосообраќајот, што е и примарната причина некои од нив да мораат да летаат и на поголеми височини.

Така што, прикажаните фотографии во постот немаат ама баш никаква врска со некакво воздушно масовно труење со опасни воени смртоносни отрови. Во конкретниот случај тие се искористени за креирање манипулативна објава со која ќе се шири паника и страв меѓу граѓаните, пишува „Вистиномер.мк“.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ