• Latest

Вистиномер: Со видео извадено од контекст се манипулира дека пандемијата на ковид-19 е лажна

October 28, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Со видео извадено од контекст се манипулира дека пандемијата на ковид-19 е лажна

October 28, 2020 12:50
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Манипулативна објава врз основа на полувистини, невистини и изјави извадени од контекст, прави обид да создаде лажна перцепција дека пандемијата на ковид-19 не постои и дека смртноста е резултат на нездравите животни навики на луѓето кои умираат од тоа што пушат, земаат лекови и имаат хронични болести, објави Вистиномер.

Исклучително вирален пост, споделен над 330 пати во текот на само 12 часа по неговата објава на Фејсбук, декларира теорија на заговор поврзана со корона вирусот. Во постот, немедицински, ненаучно и неповрзано во содржината на видеото, кое е споделено како поткрепа за тврдењата, се изнесуваат низа невистини и дезинформации.

Прво, тврдењето дека „ковид не е вирус, туку бактерија, која се пушта по потреба за да се одглуми за земените пари од глобалистите и сатанистите“ е невистинито.

Ковид-19 е вирус. Светската здравствена организација (СЗО) ова го посочи уште на дванаесетти јуни годинава, кога ги предупреди граѓаните ширум светот да не се лекуваат со антибиотици, бидејќи тие не делуваат против вируси, туку само против бактерии.

Во видеото кое се споделува, Бен Тапер од Небраска, кој се претставува како лекар, тврди дека во текот на една недела во неговата приватна ординација прегледува околу 200 пациенти, доаѓајќи во близок контакт со нив и дека не носи маска. Потоа го поставува прашањето: ,,Зошто тогаш не сум се заразил со оваа таканаречена болест?”. Како одговор на ова прашање, докторот го наведува здравиот живот и животните навики како причина за тоа зошто не се заразил со ковид-19.

Инаку, брза проверка на интернет покажува дека Бен Тапер не е „доктор специјалист“, односно не е ниту лекар, туку киропрактичар, дисциплина, која се смета за псевдонаука.

Во понатамошниот тек на видеото, тој наведува голем број проблеми кои американската популација ги има со здравјето, благодарение на нездравите навики, исхраната, цигарите, употребата на лекови. Но, тоа што досега тој не се заразил со ковид-19 не е никаков гарант за лажна епидемија. Напротив, тоа во конкретниот случај е искористено за манипулација. Имено, познато е дека вирусот е непредвидлив.

Меѓутоа, во постот кој го рецензираме невистинито се тврди дека докторот е во секојдневен контакт со пациенти кои се ,,наводно заразени со ковид“.

Еве еден непобитен доказ каде амерички доктор- специјалист кажува дека не носи маска, а секојдневно е со пациенти кои се наводно заразени од ковид!

Тоа што едно лице не се заразило од заразна болест, иако имало контакт со заразени лица од таквата болест, па дури и екстензивен контакт со повеќе такви лица, не е никаков доказ дека ковид-19 е некакво „одглумување“. Низ историјата на човештвото имало многу поопасни и позаразни болести и епидемии, при што, исто така, имало голем број луѓе кои не заболеле од нив.

Тоа што Тапер во видеото тврди дека не носи маска и дека американската популација живее нездрав живот, не може да се доведе во корелација со тврдењето дека епидемијата е лажна.

„Доколку ова е навистина за здравјето, тогаш наредете здрави животни навики, здрава исхрана, вежбање, забранете ги цигарите, алкохолот и процесираните шеќери“, вели докторот.

Исто така, неточно е тврдењето дека актуелната пандемија чиј резултат е заразната болест со име ковид-19 е некаков „проект“ на „сатанистите и глобалистите“. Уште на 30 април со заедничко соопштение излегоа сите 17 разузнавачки агенции на САД. Станува збор за збир од различни институции во кои се вработени стотици илјади луѓе, што значи дека е невозможно сите тие институции и вработени да се натераат или да се договорат да лажат и тоа да функционира без никаков проблем. И нивната оценка е јасна:

Разузнавачката зедница, исто така, се согласува со широкиот научен консензус дека вирусот ковид-19 не е креиран од човекот и не е генетски модифициран.

Разунавачката заедница на САД има пристап до сите неопходни стручни и финансики ресурси за да го истражи ова прашање, надвор од било какви сомневања. Според овој став, постигнат по пат на консензус, актуелниот корона вирус, кој ја предизвикува болеста ковид-19, е настанат по природен пат и не може да стане збор за „проект“.

До денеска во светот има 43 милиони заразени со корона вирусот, а 1,15 милиони смртни случаи.

Светската здравствена организација во дефиницијата за тоа што е смртност од ковид-19 наведува децидно дека пропратните болести, како на пример, канцер, болест која што во видеото експлицитно се споменува од страна на докторот Тапер, не смее да се атрибуираат како главни во случаите кога пациентот, исто така, имал и корона вирус.

„Како смрт поради ковид-19 се дефинира смрт што резултирала од клинички компатибилна болест, во веројатен или потврден случај на ковид-19, освен ако не постои јасна, поинаква причина за смртта, која не може да се поврзе со ковид-19. На пример, траума. Смрт што настапила поради ковид-19, не смее да се атрибуира на друга болест, на пример канцер, и треба да се брои независно од околностите за кои постои сомнеж дека го поттикнале агресивниот тек на ковид-19“, пишува во упатството од СЗО за евидентирање и кодирање на смртноста од ковид-19.

Така што, ако внимателно се преслуша видео материјалот, ќе се дојде до заклучок дека на основа на полувистини, невистини и изјави извадени од контекст, се прави обид да се создаде лажна перцепција дека пандемијата не постои и дека смртноста е резултат на нездравите животни навики на луѓето кои умираат од тоа што пушат, земаат лекови и имаат хронични болести.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ